Нивото на морето расте сѐ побрзо, се закануваат големи поплави од Њујорк до Шангај (ВИДЕО)

Меѓувладиниот панел за климатските промени (ИПЦЦ) објави извештај според кој нивото на морето ќе се крене многу порано отколку што се очекуваше до 2100 година, јавува Си-ен-ен.

Во извештајот се спомнува дека глечерите од Хималаите до Антарктикот забрзано се топат и дека градовите како Њујорк или Шангај многу веројатно ги очекуваат редовни поплави.

На извештајот наречен „Специјален извештај за океаните и криосферата во климата што се менува“ работеле повеќе од 100 научници од 36 земји. Станува збор за последниот од три специјални извештаи на ИПЦЦ по оној од октомври минатата година, кој покажа дека имаме време само до 2030 година за да го одржиме глобалното загревање под 1,5 Целзиусови степени.

„Овој извештај е единствен. Во него за првпат се анализирани податоци од најодалечените краеви во светот: од највисоките планини, одалечените поларни региони до најдлабоките делови од океаните“, кажа Ко Берет, потпретседател на ИПЦЦ.

„Откривме дека на волку одалечените области се случуваат очигледни промени поттикнати од глобалното загревање за кое главните виновници се луѓето“, додаде тој.

Во извештајот се наведува дека затоплувањето зема залет и дека уште сега има негативни последици по климата, како зголемување на нивото на морето, кои повеќе не можат да се сопрат.

Но, научниците сметаат дека човештвото сѐ уште има избор, односно може да одлучат под итно да ја сопрат глобалната зависност од фосилни горива.

Наодите на ИПЦЦ покажуваат дека нашата планета забрзано се загрева, што особено се забележува по топењето на глечерите од Гренланд до Антарктикот и дека нивото на морето до крајот на овој век веројатно ќе се зголеми значително повеќе од предвиденото.

Ледената плоча на Гренланд која, ако се стопи, може да го зголеми нивото на морето за 6 метри, се топи најбрзо. Меѓу 2006 и 2015 загубила во просек повеќе од 275 гигатони мраз годишно.

Ледената покривка на Антарктикот исто така рапидно исчезнува. Губењето на нејзината маса тројно се зголемило меѓу 2007 и 2016 година во однос на претходните десет години.

Научниците сметаат дека поради забрзаното топење на Антарктикот, ако продолжиме со ова темпо на емисии на гасови со ефект на стаклена градина, нивото на морето до 2100 година најверојатно ќе се зголеми за 1 метар.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе