Невидлив хеликоптер: Ербас развива нов систем, првите тестирања се успешни

Компанијата Ербас хеликоптерс развива нов систем благодарение на кој хеликоптерот Х145М би бил опкружен со чад што би го направило невидлив.

Тој нов систем би се користел за време на лебдењето при истоварувањето на војниците, изјави програмскиот менаџер на компанијата Марк Хенинг.

Зборувајќи на отворањето на конференцијата за новинари „Ербас одбрана и простор“ во Минхен, Хенинг кажа дека системот, прв таков за хеликоптери, веќе дал позитивни резултати при првичните тестирања.

„Развиваме систем за брзо криење при летот за Х145М да биде невидлив за време на најопасната фаза на мисијата – кога лебди на висина од дваесетина метри, при истоварувањето на војниците. Ние најпрвин тоа го применивме на возила, но никогаш досега на хеликоптери“, кажа Хенинг.

Според него, системот работи така што на хеликоптерот се инсталираат уреди за испуштање чад со помош на кои се создава димна завеса околу леталото.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе