Два од најголемите феномени на Земјата

Неверојатна сателитска снимка од огромен ураган и истовремено затемнување на сонцето (ВИДЕО)

Неверојатна сателитска снимка покажува два од најголемите феномени на Земјата, ураган од четврта категорија и затемнување на Сонцето, кои во исто време се движат низ нашата планета.

Сателитските камери го следеле прекрасното затемнување на Сонцето додека преминувало преку Аргентина и Чиле на 2 јули, а фатиле и голем ураган во Тихи Океан.

Ураганот Барбара во вторникот наутро беше прогласен за бура од четврта категорија, со ветрови до 210 километри на час, иако не се очекува да стигне до копно.

Патеката на помрачувањето беше од југоисточен Нов Зеланд, до крајбрежјето на Чиле и на крај низ Аргентина.

Метеорологот Дакота Смит ја сподели глетката во боја на Твитер, а Националната метеоролошка служба ја објави снимката направена од временските сателити.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе