Неверојатна, досега невидена глетка кон ледениот марсовски кањон (ВИДЕО)

ЕСА сподели неверојатна снимка, макотрпно реконструирана, на која се гледа моќниот кратер Королев на Марс, веројатно иден извор на вода за човековите колонисти, доколку некогаш стигнеме таму.

Маркантното видео всушност е подвижен мозаик во кој се комбинирани скенови на површината на планетата со топографски податоци, снимани со стерео камера со висока резолуција на сондата Марс Експрес, за продукција на 3Д-пејзаж.

Видеото е направено со резолуција од 21 метар по пиксел и го прикажува целиот обем на кратерот Королев, широк 82 км во северните низини на Марс. Кратерот е исполнет со мраз во текот на целата година, бидејќи неговото дно е два километри под неговиот раб, што го прави природна студена стапица што го штити мразот од надворешните елементи.

Орбитерот Марс Експрес ја почна мисијата на 2 јуни 2003 година, стигнувајќи до Црвената планета шест месеци подоцна и оттогаш праќа неверојатни слики на планетата. Тоа е второто најдолго преживеано, постојано активно вселенско летало во орбитата околу друга планета, по Марс Одисеја на НАСА во 2001 година.

Самиот кратер е именуван во чест на главниот советски ракетен инженер и дизајнер на вселенски летала Сергеј Павлович Королев (1907-1966), кој се смета за татко на руската вселенска технологија поради неговите придонеси за руската интерконтинентална ракета Р7.

Со дизајните на Королев Спутник замина во орбитата во 1957 година, а Јуриј Гагарин во вселената во 1961 година, а сега наредните генерации вселенски истражувачи испраќаат на земјата слики на марсовскиот кратер што го носи неговото име, во фасцинантни детали достојни за неговото големо достигнување.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе