Нешнал џиографик: Речиси целиот кислород е од океаните, а не од Амазонија

Тврдењето дека Амазонската прашума произведува петтина од кислородот на Земјата не е точно, пишува Нешнал џиографик.

Речиси целиот кислород на Земјата потекнува од океаните, а резервите ќе потраат со милиони години, меѓутоа, се истакнува во написот, има многу причини поради кои светот треба да биде уплашен од пожарите во Амазонија.

Скот Денинг од Универзитетот во Колорадо потсетува за весникот дека речиси целиот слободен кислород во воздухот го произведуваат растенијата преку фотосинтеза, а дека околу третина од копнената фотосинтеза се врши во прашумите, од кои Амазонија е најголема.

Секоја година произведениот кислород го трошат пожарите и живите организми – дрвјата постојано отфрлаат мртви лисја, гранки, корења и друг отпад, кои за возврат го хранат екосистемот на организмите. Со тоа, како што се наведува, најмногу се хранат бубачките и микроорганизмите, но секој чекор од процесот троши кислород.

Сепак, и покрај фактот што произведува пет до шест отсто од кислородот на Земјата, Амазонија е важна од други причини, пред сѐ поради извлекувањето на јаглерод диоксидот од атмосферата.

Поради тоа научниците велат дека не е соодветен вообичаениот назив на Амазонија – „белите дробови на планетата“ – туку прашумата ја споредуваат со џиновски клима-уред.

Амазонија, како што се наведува во текстот, е еден од најзначајните фактори во забавувањето на климатските промени, заедно со тропските шуми во централна Африка и Азија.

Амазонија е исто така и ризница на живот – во неа живеат десетици илјади растителни и животински видови, и поради тоа претставува најразновиден екосистем на светот.

Тој екосистем се закануваат да го уништат климатските промени, неконтролираното сечење и човечката негрижа.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе