Нелегални копии за американските специјалци: САД планираат да го копираат рускиот „калашњиков“ (ВИДЕО)

Специјалните сили на американската војска планираат да почнат производство на оружје базирано врз руска технологија, тврди весникот Нешнал интерест.

Американската команда за специјални операции наводно веќе понудила грантови за компаниите кои би можеле да ја откријат и подобрат технологијата на митралезот на Калашњиков, модернизираниот големокалибарски НСВ „утес“ и да произведат негови копии.

Притоа, американската војска побарала од потенцијалните произведувачи самите да ги најдат нацртите, потребните компненти и материјалите, бидејќи командата нема да им помогне во тоа.

Исто така се истакнуав дека основниот услов за финансирање на кандидатските компании во случај на нивен успех ќе биде изработка на копиите на руското оружје строго на територијата на САД со користење детали и материјали исто така направени во земјата. Освен тоа, до производството пристап ќе имаат само американски државјани.

Нешнал интерест не исклучува дека руските митралези се само почетокот и дека во иднина на Американската команда за специјални операции можеби ќе ѝ бидат потребни копии и на други странски оружја.

Се истакнува дека иницијативата најверојатно е поврзана со фактот што САД планираат со копиите да снабдуваат разни групи во нестабилните региони како Сирија или Ирак, и поради тоа Вашингтон не сака „на пазарот да купува руско оружје“.

Од концернот Калашњиков изјавија дека таквите желби само уште еднаш ги потврдуваат надмоќта и квалитетот на руското оружје. Од друга страна, државната корпорација Ростех изјави дека производство на големокалибарскиот митралез НСВ „утес“ без контактирање на Рособороноекспорт ќе се смета за нелегално копирање производ и кражба.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе