„Нека има мир“: Култниот говор на Јуриј Гагарин (ВИДЕО)

„Ја гледам Земјата... Ги гледам облаците... Гледам сè... И преубаво е“ – тоа биле првите зборови на Јуриј Гагарин, советскиот космонаут кој на 12 април 1961 во вселенската капсула Васток 1 го направи првиот круг околу Земјата за 108 минути. На 60-годишнината од патувањето на Гагарин околу Земјата, Раша тудеј објави единствени снимки од неговиот говор од првата годишнина од летот – обновен и обоен со употреба на современи технологии.

EPA-EFE

„Благодарен сум им на оние кои ги вложија своите срца, душите, вештините и трудот за да ја исполнат оваа голема мисија“, кажа Гагарин во говорот кој советската телевизија за првпат го емитувала во далечната 1962 година, точно една година откако стана првиот човек кој летнал во вселената.

Првиот советски космонаут изразил воодушевување од советските научници и инженери кои му го овозможиле летот нарекувајќи ги „чудотворци“. Сепак, подеднакво ги поздравил напорите на другите држави во истражувањето на вселената. Симболично го поздравил американскиот астронаут Џон Глен, првиот Американец кој тргнал во орбита околу Земјата, и му посакал добредојде во меѓународното „семејство на космонаути“.

„Знаеме дека нашето семејство на космонаути од година во година ќе расте и ќе се зголемува и дека ќе имаме сè повеќе членови“, кажал Гагарин во говорот кој првично бил снимен на црно-бел филм од 35 милиметри.

Првиот човек во вселената ја искористил приликата да испрати силна порака на мир, кажувајќи дека соработката во вселената меѓу СССР и САД „ќе го отвори патот за сопирање на тешката и бесмислена трка во вооружување, како и за насочување на заедничките напори на двете суперсили кон нови научни откритија во истражувањето на вселената“.

Неговиот потфат го означи почетокот на ерата на истражување на вселената, а загина седум години подоцна при рутински лет како пробен пилот во авион двосед.

Генералното собрание на ОН во 2011 година го прогласи 12 април за Меѓународен ден на човечкиот лет во вселената.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе