НАСА ги заостри правилата

Навистина не смееме да ги контаминираме другите планети со микроби од Земјата

НАСА е желна да истражува други светови и, ако е можно, да открие докази за минат или сегашен живот некаде во нашиот сончев систем. Тоа би било монументално достигнување и би ги сменило историските книги, но има едно нешто што НАСА дефинитивно сака да го избегне додека ги истражува, а тоа е загадување на другите светови со животот од Земјата.

За таа цел, вселенската агенција издаде нови директиви за зајакнување на нејзините и онака строги планетарни заштитни политики. Целта е да се осигуриме дека кога луѓето ќе се упатат кон други планети - меѓу кои и Месечината и Марс - нема случајно да однесеме микробиолошки живот со себе или, во краен случај, ако има нешто живо на Марс или на Месечината, дека нема да го донесеме тој живот назад со нас.

Постојат голем број причини зошто имаат смисла строгите политики за да се спречи меѓупланетарно загадување. За почеток, ако бараме микробиолошки живот на некоја планета како Марс, не сакаме случајно да „откриеме“ нешто што луѓето го донеле со себе. Едноставно е хаотично, од научна перспектива, да се обидеме да откриеме кои микроби потекнале од Земјата, а кои се вистински марсовски живот.

Истото важи и за донесувањето микроби од други светови. Ако научната фантастика нè научила на нешто, тоа е дека донесувањето вонземски живот на Земјата е лоша вест. Не, работите веројатно нема да се одвиваат како во филмовите „Осми патник“, но замислете случајно да донесете марсовски вирус што милиони години лежел заспан или заробен во мраз. Луѓето не би можеле да се заштитат од еден таков организам.

„Од витално значење е регулативата на НАСА да остане синхронизирана со нашите можности и планови“, рече администраторот на НАСА, Џим Бриденштајн. „Оваа [директива] ќе овозможи човечко истражување на Марс, создавајќи нови можности за инспиративна наука и иновативни трговски активности. Верувам дека науката и човековите истражувања се напори за пофалба и возбуден сум што овие реформи во политиките отворија нова ера на откритија.“

НАСА планира да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година, и иако многумина во научната заедница креваат веѓи кога ќе го слушнат тој рок, целта на вселенската агенција останува 2024. Во не толку далечната иднина, НАСА предвидува и испраќање човечки истражувачи на Марс, иако тоа веројатно нема да биде можно до 2030-тите или можеби и подоцна. Во меѓувреме, важно е постојните политики да ја потенцираат безбедноста и сериозно да го ограничат потенцијалот за загадување на другите светови, како и на нашиот сопствен.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе