Научник на НАСА направи симулација на зајдисонце на Венера, Марс и пошироко (ВИДЕО)

Сте се запрашале некогаш како изгледа зајдисонцето од Уран?

Земјата, Венера и Марс имаат исто сонце, но поради факторите како што се растојанието и атмосферскиот состав, тоа од секоја планета изгледа различно. Ова е особено точно за време на зајдисонцето, кога сончевата светлина патува низ најголем дел од атмосферата на планетата. Сега не мора да замислувате како би изгледал вонземското зајдисонце: видеото подолу, создадено од научник од НАСА, покажува реални симулации на различни зајдисонца низ целиот Сончев систем.

Планетарниот научник Џеронимо Вилануева од Годард-центарот за вселенски летови на НАСА во Гринбелт, Мериленд, дошол на идејата додека работел на компјутерска алатка за моделирање потенцијални мисии во Уран. Моделот им помага на научниците да проучат во каков однос е сончевата светлина со атмосферите на другите планети. Овие податоци можат да ни кажат многу за хемиската „шминка“ на планетата, а како што открил Вилануева при тестирањето на алатката, можат да ни покажат и како изгледа вонземското зајдисонце.

По моделирањето на уранското зајдисонце, Вилануева изградил симулации на небесните бои на Земјата, Венера, Марс и Сатурновата месечина Титан. Во клипот подолу може да ги видите небесните куполи на осумте небесни тела, плус маглива верзија на Земјата. Како што сонцето се движи од хоризонт на хоризонт, боите на секој круг почнуваат да се менуваат. На Марс, на пример, небото се менува од кафеаво во сиво-сино, затоа што марсовските ситни честички прашина во атмосферата се ефикасни во растерување на сината светлина од сонцето кога е ниско на небото.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе