Научниците за првпат видоа како црна дупка голта ѕвезда (ВИДЕО)

Научниците за првпат во историјата ја видоа големата експлозија која се создава кога црна дупка ќе голтне ѕвезда, пренесуваат агенциите.

Истражувачите конечно успеаја да го видат создавањето и ширењето материјал кој се осфрла кога супермасивна црна дупка ќе голтне и уништи ѕвезда.

Драматичниот настан за првпат е виден со помош на високоспецијализирани телескопи кои набљудуваат неколку галаксии кои се судираат околу 150 милиони светлосни години од Земјата.

Во центарот на една од судирачките галаксии, ѕвезда двојно поголема од Сонцето се премногу се приближила до црната дупка, која е повеќе од 20 милиони пати поголема од нашето Сонце. Ѕвездата е уништена и се создала голема експлозија. НАСА претходно објавуваше снимки и симулации од вакви настани.

Теоретичарите долго нагаѓаа дека ваквите настани во вселената се вообичаени и дека материјалот од уништената ѕвезда создава ротирачки диск околу црната дупка и емитува силни звуци и видлива светлина, додека истовремено турка млазови светлина надвор од половите на дискот, малку поспоро од брзината на светлината. Сега тоа за првпат успеаја да го видат.

„Никогаш претходно не можевме директно да го набљудуваме создавањето и ширењето на експлозијата во ваков настан“, изјави Мигел Перес Торес од Астрофизичкиот институт на Андалузија во шпанска Гренада.

Повеќето галаксии имаат супермасивни црни дупки кои можат да привлекуваат материја и да создаваат големи дискови на своите рабови. Меѓутоа, тие црни дупки главно не голтаат никаква материја. Поради тоа сведоштвото на ваков насилен настан дава увид без преседан за тоа што всушност се случува околу црната дупка.

„Црните дупки повеќето време не голтаат никаков материја и се во мирна состојба“, изјави Перес Торес. „Овој настан би можел да биде само врвот на глечерот на досега скриените настаниу. Со помош на инфрацрвени и радиотелескопи би можеле да откриеме уште многу вакви настани и да учиме од нив“, кажа тој.

Научниците првично се фокусирале на спомнатата ѕвезда во потрага по експлозија на супернова во судирачките галаксии. На почетокот мислеле дека гледаат експлозија на супернова, но кога ѕвездата продолжила да се шири, сфатиле дека станува збор за млаз што го исфрлила црната дупка откако ја распарчила ѕвездата.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе