Научниците снимиле три супермасивни црни дупки кои меѓусебно ќе се судрат (ВИДЕО)

Во вселената често се случуваат колизии од огромни размери; астероиди удираат во планети, се судираат ѕвезди и црни дупки, се спојуваат галаксии. Но, сега астрономите за прв пат забележаа тројно спојување на галаксии, односно иден судир на нивните супермасивни црни дупки, пренесе Си-ен-ен.

Оваа галактичка колизија се одвива на милијарда светлосни години од Земјата, во составот СДСС ЈО84905.51+111447.2. За воопшто да го забележат спојувањето на овие три галаксии, астрономите покрај телескопите на Земјата ги користеле и оние во вселената.

Системот прво е снимен во оптичко светло со помош на телескопот Слоан Диџитал Скај Сурвеј, кој се наоѓа во Ново Мексико. Потоа граѓани научници вклучени во проектот „Галакси Зоо“ помогнале да се идентификува и обележи како можен галактички судир.

Потоа, астрономите со помош на вселенскиот телескоп Вајд-вилд Инфраред Сурвеј Експлорер во колизискиот состав забележале инфрацрвена светлина, а потоа, преку вселенската опсерваторија Чандра ексреј опсерватори светли точки во центарот на секоја галаксија, и на крајот со вселенскиот телескоп НуСТАР забележале гас и прашина во таа специфична област. Комбинирајќи ги податоците, дошле до заклучок дека откриле три активни супермасивни црни дупки на пат кон колизија.

Научниците и претходно забележале судир на две црни дупки, но ова е првпат да се забележи такво трио. Пар црни дупки ќе се спојат во една поголема. Трите црни дупки треба да се судрат и да се спојат уште побрзо. Пред ова откритие, научниците биле збунети со „проблемот со последниот парсек“, каде што две црни дупки стануваат блиски, но им треба уште еден фактор за да ја надминат нивната масивна енергија и всушност да се спојат. Трета црна дупка би можела да биде тој фактор.

Друга последица од овие црни дупки што се спојуваат се гравитационите бранови или бранови во простор и време.

„Двојни и тројни црни дупки се исклучително ретки“, рече Шобита Сатиапал, коавтор на студијата од универзитетот Џорџ Мејсон. „Но, ваквите системи се всушност природна последица од спојувањето на галаксиите, а така сметаме дека галаксиите растат и се развиваат“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе