Во новиот научен труд истражувачите предводени од научници од Универзитетот во Кејптаун сугерираат дека исфрлањето рефлектирачки честички во атмосферата на Земјата на крај може да спречи Земјата да доживее разорни суши како резултат на постојаните климатски промени.
Идејата – исфрлање конкретен вид честички во атмосферата за да се спречи одреден процент од сончевата светлина да стигне до површината – може да звучи смешно, но ако зборуваме за спречување на пропаст на светот, треба да бидеме отворени дури и за најлудите можности.
Станува збор за контроверзен план, објави јужноафриканскиот весник „Мејл и Гардијан“, како поради влијанието врз климата, така и поради геополитичките импликации. Но соочени со реална можност за Денот нула, односно точката кога на планетава ќе нема доволно вода за сите, можеби ќе бидат потребни смели постапки.
Ослободувањето на аеросолизиран сулфур диоксид во стратосферата би го намалило ризикот од таква суша до крајот на векот за околу 90 проценти, според студијата предводена од Универзитетот во Кејптаун објавена минатата недела во списанието Еколошки истражувачки писма.
Целта ќе биде пред сè работите да не се влошуваат. Испуштањето на рефлектирачките честички во атмосферата би ги намалило сегашните шанси за ваква суша, се вели во истражувањето, наместо да се остави Денот нула да станува сѐ поверојатен како што напредуваат климатските промени.
Дури и да функционира, геоинженерирањето на животната средина за да се затемни сонцето не може самото да ја ублажи климата. Стратосферските аеросоли не би сториле ништо за да ги спречат самите климатски промени, тие само би маскирале еден од ефектите што ги имаат на планетата.
Од друга страна, компанијата М&Г, на пример, посочи дека таквиот геоинженеринг може да предизвика меѓународен конфликт, па наместо да се спаси планетата, тоа може да поттикне друг тип апокалиптична катастрофа: нуклеарна војна.