Научниците открија сосема нов орган во човечкото тело, не се знае функцијата

Научниците и официјално именуваа нов орган во нашиот организам кој се наоѓа во дигестивниот систем, пренесува Индипендент.

Се вика мезентериј, и иако неговата структура е добро позната, за функцијата не се знае многу. До неодамна се сметаше дека станува збор само за неповрзано ткиво кое ги држи цревата залепени за ѕидовите на абдоменот, како низ своевидни кукички.

Научниците од универзитетот на Лимерик со сложени микроскопи потврдиле дека „кукичките“ се поврзани и се дел од заедничка структура.

„Во научниот труд, откриваме дека имаме орган кој досега не е признат“, истакнува Келвин Кофи, професор по хирургија на универзитетот на Лимерик и лидер на студијата.

„Ја објаснивме анатомијата на структурата. Следниот чекор е да се објасни функцијата. Ако ја разберете функцијата, може да ги препознаете неправилностите во работата и тогаш имате болест. Спојте го сето тоа заедно и добивате цела нова гранка на медицината“, истакна Кофи.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе