Некогаш во иднината

Научниците открија како да градиме вселенски станици внатре во астероидите

Идните истражувања надвор од планетава може да бидат помогнати од вселенски станици изградени во огромни астероиди, благодарение на едно ново истражување.

Со тоа би се решиле и лошите ефекти на нулта-гравитацијата и би се обезбедил готов извор на скапоцени минерали.

Интересот за копањето по астероиди и носењето на нивните вредни минерали на Земјата се зголеми во последниве години, можеби поттикнато од процените на НАСА од 2016 дека во вселенските карпи има доволно богати минерали за секој човек на Земјата да добие по 100 милијарди долари.

Можноста да се ископуваат минерали од астероидите може да ги обезбеди и основните ресурси за долгорочните вселенски мисии, за изградба или полнење гориво по пат.

Сепак, шансите за лансирање сонди во вселената во потрага по неискористени ресурси ги попречува еден голем предизвик - гравитацијата. Многу е тешко успешно да користите бушилка на површината на повеќето астероиди, бидејќи недостигот од гравитација поголем дел од опремата ја прави бескорисна.

Но една студија на тим од Универзитетот во Виена, Австрија, вели дека едно од можните решенија на проблемот е едноставно вградување на рударските активности внатре во астероидот и користење на брзата ротација на карпата за да се создаде симулирана гравитација.

„Ако најдеме доволно стабилен астероид, може да не ни требаат овие алуминиумски станици и слично, може едноставно да го искористиме целиот астероид како вселенска станица“, вели главниот автор на студијата, д-р Томас Мајндл, за Њу саентист.

Тимот вели дека наоѓањето астероид со точното гравитационо вртење е клучно за успехот на операцијата. Нивните математички пресметки покажуваат дека астероидот треба да биде направен од цврст камен и да се врти еднаш до три пати во минута, создавајќи гравитација од околу 38 проценти од Земјата и слична на онаа на Марс.

Некои други проблематични фактори во еден ваков потфат значат дека овој концепт сè уште е со децении оддалечен од нас, па дури и д-р Мајндл признава дека идејата е на граница меѓу науката и научната фантастика. „Интуицијата ми вели дека ќе поминат најмалку 20 години пред да се случи какво било копање астероид, а не па нешто вакво.“

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе