Првпат во историјата

Научниците можеби забележаа црна дупка што голта неутронска ѕвезда

Силните гравитациони бранувања во вселената открија нешто за што експертите веруваат дека е првото забележување на неутронска ѕвезда проголтана од црна дупка.

Гравитациони бранови последниве денови биле откриени од опсерваториите ЛИГО и Вирго. Историскиот настан, кој е наречен С190814бв, во средата бил снимен во јавната база на податоци што ја користат астрономите.

Возбудливо, првичните анализи покажуваат дека постои 99% шанса дека брановите се последица на катаклизмичното спојување на неутронска ѕвезда со црна дупка. Астрономите долго време посакуваат да забележат таков судир, но никогаш не успеаја.

„Нешто се случи таму на небото“, рече членот на ЛИГО, Даниел Холц, за Саенс њуз. „Досега, на прв поглед не личи на ништо што претходно со голема самодоверба го имаме откриено “.

Истражувачите сега неуморно го скенираат небото, во потрага по светлината што можеби ја оставила неутронската ѕвезда додека била апсорбирана од црната дупка.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе