Висок два ката и долг колку кошаркарско игралиште

Научниците го потврдија откритието на најголемиот диносаурус во Австралија (ФОТО+ВИДЕО)

Во Австралија е откриен нов вид диносаурус, најголем пронајден во таа земја и еден од најголемите во светот.

Screenshot

Фосил од диносаурус, кој научниците го нарекоа Купер, е пронајден во југозападен Квинсленд во 2007 година, во реката Купер Крик. Но, скелетот со години останал мистерија и дури сега е научно категоризиран, пишува Си-ен-ен.

Експертите од Природонаучниот музеј Ероманга (ЕНХМ) и од музејот Квинсленд ги објавија своите откритија вчера во научното списание ПирЏеј. Сметаат дека Купер (Australotitan cooperensis) одел по Земјата пред повеќе од 90 милиони години. Станува збор за титаносаурус - огромен тревојад што припаѓа на семејството сауропод, најголемиот вид диносауруси.

Се проценува дека овој диносаурус можел да порасне од 5 до 6,5 метри во висина и да биде долг од 25 до 30 метри, што значи дека бил висок како двокатна зграда и долг колку кошаркарско игралиште. Со долгиот врат и опашка, потсетува на познатиот брахиосаурус.

Палеонтологот Робин Мекензи, коосновач на ЕНХМ, рече дека научниците утврдиле дека станува збор за голем вид диносаурус врз основа на големината на коските.

„Парчињата коски беа прилично големи и крупни. Ги измеривме и ги споредивме со другите видови во Австралија и во други делови на светот“, рече Мекензи.

Откриено е дека Купер е поврзан со уште три австралиски сауроподи откриени на север во градот Винтон, што значи дека во оваа област може да се најдат повеќе остатоци од овие древни суштества.

„Овие откритија ја ставија Австралија на картата и ѝ овозможија да им се придружи на другите земји кои предводат во областа на палеонтологијата“, рече Мекензи.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе