Ахиловата петица на СИТЕ вируси?

Научниците го открија светиот грал што може да доведе до универзална вакцина

Истражувачите од Општата болница во Масачусетс (МГХ) во САД ја открија „Ахиловата петица“ на повеќето вируси што го мачат човештвото и наскоро би можеле да развијат универзална вакцина.

Истражувањето, развојот и тестирањето на вакцините траат долго време, како што покажа тековната епидемија на новиот коронавирус, но тоа е затоа што истражувачите своето време, внимание и ресурси го посветуваат на таргетирање на конкретни вируси еден по еден. Но сега научниците од МГХ го пронајдоа она што може да се покаже како пресвртница за човештвото, што може да ги зајакне нашите тела и да ги направи отпорни на повеќето вируси.

„Целта е да разбереме како функционира нашиот имунолошки систем со цел да создадеме лекови што дејствуваат против низа вируси, а не само вакцини против одреден вирус“, вели Кејт Џефри, шефица на студијата, во болничкото соопштение.

Таканаречената „Ахилова петица“ (или ранлива точка) на повеќето вируси е всушност само еден едноставен протеин по име АГО4, за кој се покажа дека има уникатни антивирусни ефекти во клетките на цицачите.

Кога проучувале глувци, истражувачите откриле дека само клетките со недостиг од АГО4 биле преосетливи на инфекциите како вирусот на грип. Значи, откако ќе успеат да откријат како да ја зајакнат природната одбрана на нашите тела со АГО4, вирусите веќе нема да имаат шанса да нè инфицираат, барем теоретски.

„Следниот чекор е да се утврди колку е широк спектарот на дејство на овој протеин за кој било вид вирус“, вели Џефри. „И тогаш ќе треба да откриеме како да ја зголемиме активноста на АГО4 за да ја зајакнеме заштитата од вирусните инфекции“.

Иако претстои уште многу работа, ова е возбудлив чекор кон универзалната вакцинација и потенцијален лек против некои од најсмртоносните вируси во светот.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе