Научници создадоа струја од воздух, полначите наскоро ќе станат минато (ВИДЕО)

Научници направија уред кој создава струја од воздухот. Се вика Ер-џен, а со помош на бактериите во воздухот може да направи доволно енергија за полнење на електричните уреди.

Овој уред наскоро би можел да ги полни батериите на нашите мобилни телефони. Една од најголемите придобивки би била целосната елиминација на полначите од секојдневното користење.

Безжичните полначи користат електромагнетна индукција за полнење на батериите на телефоните и другите уреди. Сепак, инженерите нашле поинаков начин на полнење кој не ја користи оваа технологија при вршењето на функцијата. Ер-џен генераторот користи природен протеин за создавање електрицитет од водената пареа во воздухот.

„Струјата ја добиваме од воздухот“, вели инженерот и доцент по електротехника Џун Јао од Универзитетот Масачусетс. До големото откритие дошол во соработка со професорот Дерек Лавли.

Генераторот користи филм кој се мери во нанометри. Станува збор за протеинска жица направена од микробите геобактер сулфуредуценс, кои произведуваат електрична енергија. Жиците се поврзани со електроди и ја спроведуваат струјата користејќи ја водената пареа која се наоѓа во воздухот.

„Ер-џен создава чиста енергија работејќи без прекин. Тоа е најчудесната мала протеинска структура кога било создадена“, објаснува професорот Лавли.

Ер-џен во моментов се користи за напојување мали уреди, но научниците сакаат да ја подобрат неговата функција. Една од првите цели е користење на Ер-џен за полнење на паметните часовници и нараквици.

Ако успеат во својата намера, ќе се обидат да го оспособат уредот и за полнење на мобилните телефони и да ја елиминираат потребата од стандардните полначи кои сега ги користиме.

„Конечната цел е да направиме големи системи за производство на струја“, вели Лавли и додава дека струјата може да се добива дури и од бојата за ѕидови.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе