Научници снимиле таинствени сигнали од друга галаксија

Австралиски научници објавија дека нивните телескопи забележале голем број мистериозни сигнали кои доаѓаат длабоко од вселената, јавува Индипендент.

Радиотелескопите забележале речиси двојно поголем број радио-експлозии кон Земјата кои доаѓаат длабоко од вселената, а тие сигнали воедно претставуваат најблиски и најсветли радио-експлозии досега забележани.

Станува збор и за еден од најмистериозните феномени во вселената – блесоци на енергија со неверојатна сила. Еквивалентни се на количеството енергија кое Сонцето го произведува за 80 години. Се разликуваат само по тоа што траат само по неколку моменти и доаѓаат од непознат извор.

Некои сугерираат дека ги емитуваат интелигентни суштества, додека научници од Харвард сметаат дека може да станува збор за истекување од огромни емитери од вселенски бродови.

Постојат и мислења дека станува збор за помалку интелигентни, но сепак спектакуларни случаи како црни дупки или судир судир на густи ѕвезди.

По овие снимени бранови, научниците имаат многу повеќе примери за проучување за да сфатат од каде доаѓаат.

„Забележавме 20 брзи радио-експлозии во една година, што е двојно повеќе од бројот забележан низ светот во 2007 година“, порача Рајан Шенон од Универзитетот за технологија во Свинбрн. „Користејќи нова технологија, успеавме да докажеме дека брзите радио-експлозии доаѓаат од друга страна на вселената, а не од нашата галаксија“.

„Секој пат кога тоа ќе се случи, различни бранови должини во радио-експлозиите забавуваат. Додека сигналот стигне до Земјата, неговите бранови должини доаѓаат до нашите телескопи со мали временски разлики, како пливачи кои пристигнуваат на целта. Времето на пристигнувањето на различните бранови должини ни зборува за тоа низ колку материјал радио-експлозиите пропатувале. А бидејќи заклучивме дека овие сигнали доаѓаат од далеку, можеме да ги користиме да детектираме материјалот кој се наоѓа меѓу галаксиите, а тоа е навистина возбудливо откритие“, објасни Шенон.

Нови ѕвезди им помогнале на научниците да ја следат траекторијата на радио-експлозиите. Тие на својот пат низ вселената минале милијарди години, при што минувале и низ гасни облаци. Научниците го користат тој факт за да утврдат од каде доаѓаат, па заклучиле дека пристигнуваат од далечната вселена.

Научниците сега со помош на нова технологија се надеваат дека ќе можат попрецизно да го откријат изворот на овие бранови, а ако тоа им успее, можеби ќе можат да ги поврзат со една конкретна галаксија од која потекнале.

Се надеваат дека ќе забележат уште многу повеќе. Иако овие сигнали не се видливи, тие можат да станат корисен извор во разбирањето на раната вселена, бидејќи се испратени во време кога космосот бил многу, многу помлад.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе