Научници снимија две животни за кои се мислеше дека се изумрени (ФОТО+ВИДЕО)

Во последните месец дена научници фотографираа два животински вида за кои се сметаше дека изумреле – џиновска желка и најголемата пчела во светот.

На островот Ферандина на Галапагос пронајдена е џиновска желка за која се верувало дека е изумрена пред повеќе од 100 години, јавија еквадорските власти.

Во далечната 1906 година за последен пат на тој остров е виден овој вид желка, а сега наводно повоторно ја заебележале членови на експедицијата Џајан тортуаз ресторејшн инишатив (ГТРИ).

Зоологот Вашингтон Тапија, директор на ГТРИ и лидер на експедицијата, кажа дека ќе спроведе генетско истражување на цел век старата женка за да се потврди дали станува збор за изумрениот вид, џиновската желка од Фернандина.

Но, научниците веруваат и дека не станува збор за осамен примерок бидејќи забележале мирис и траги специфични за тој вид кои ги оставиле други единки.

Истражувачите ја однеле желката во истражувачки центар на островот Санта Круз.

Џиновската желка од Фернандина е една од 14 видови џиновски желки со потекло од островите Галапагос. Повеќето од тие видови се загрозени. Желките ги убивале за храна или за масло.

„Ова откритие нѐ поттикна да ги засилиме експедициите за да најдеме други единки од овој вид, што би ни овозможило да почнеме програма за одгледување во заробеништво за да го обновиме видот“, кажа Дени Руеда, директор на Националниот пак Галапагос.

Освен, како што се сметаше, одамна изумрената желка, научниците неодамна забележале уште еден фасцинантен вид за кој некое време се сметаше дека исчезнал од нашата планета – најголемата пчела во светот.

Пчелата со латински назив Megachile pluto е најголемата пчела во светот. Знае да порасне и до 4 сантиметри односно скоро колку човечки палец.

Освен латинското име, го носи и името на британскиот истражувач кој ја открил, Алфред Расел Волис, па понекогаш се нарекува и џинвската пчела на Волис.

Во 1981 година ентомологот Адам Месер бил последниот џовек кој се сретнал со малиот џин. Но, минатиот месец повторно ја забележал истражувачки тим на Северните Молучки Острови.

Истражувачите Клеј Болт, фотограф, и Илај Вајман, ентомолог, го почнале проектот и во јануари годинава тргнале во Индонезија за да ја најдат и фотографираат џиновската пчела.

Сега кога пчелата е повторно „открина“, смета Болт, работата допрва почнува бидејќи треба да се смисли програма за заштита на тој вид. Потребно е да се спроведе дополнителна студија за тоа колку пчели има во близината и кои живеалишта ги користат.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе