Научници по 30 години конечно на траг на вакцина против ХИВ

По повеќе од 30 години обидување, можеби е постигнат ветувачки напредок во потрагата по вакцина за ХИВ, вирусот кој ја предизвикува сидата ако не се лекува. Прелиминарните податоци од раната фаза на клиничките истражувања на Меѓународната иницијатива за вакцина против АИДС и Истражувачкиот институт Ла Жоли во Калифорнија сугерираат дека новата вакцина за ХИВ ветува, пренесува Еј-би-си њуз.

EPA-EFE

„Ова се многу рани студии, но сепак се интригантни“, кажа д-р Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина и заразни болести од Универзитетот Вандербилт во Нешвил, кој не бил вклучен во клиничкото истражување.

Иако потенцијалната вакцина ќе треба да се тестира и понатаму во поголеми студии, експертите се надеваат дека оваа вакцина ќе успее таму каде што другите беа неуспешни.

„Ова е многу иновативен пристап во развојот на вакцината“, кажа Шафнер, кој основната технологија на вакцината ја опиша како кулминација на науката на 21 век.

Кога во раните 80-ти беше откриено дека ХИВ ја предизвикува сидата, истражувачите сметаа дека вакцина за овој вирусот ќе биде брзо откриена, како што тоа се случило со болестите како сипаници и хепатит Б. Тогашната американска министерка за здравство Маргарет Хеклер дури предвиде во 1984 година дека вакцината ќе биде достапна за две години. Истражувачите набрзо открија дека постојат повеќе пречки отколку што на почетокот се мислело.

ХИВ е вирус кој брзо мутира, станувајќи така подвижна мета за вакцините. ХИВ исто така има многу различни подвидови па вакцината која нуди заштита од еден подвид на ХИВ може да биде неефикасна против друг. Новото истражување има цел да ги реши овие тешкотии со развивањето вакцини кои му помагаат на телото да создаде широко неутрализирачки антитела. Истражувачите се надеваат дека ќе го стимулираат имунолошкиот систем на лицето против многуте соеви и мутации на ХИВ.

„Ова истражување се темели на идентификувањето на подгрупата на лица заразени со ХИВ кои за време на инфекцијата создаваат таканаречени широко неутрализирачки антитела, што всушност значи дека тие антитела се способни ефикасно да блокираат инфекција со различни соеви на ХИВ“, кажа д-р Мар Фајнберг, извршниот директор на Меѓународната иницијатива за вакцина против ХИВ.

Првата фаза на клиничкото истражување, која сè уште е во тек, опфатила 48 здрави возрасни лица кои примиле две дози вакцина или пласибо во период од два месеци. Прелиминарните податоци покажале дека 97 отсто од оние кои ја примиле вакцината покажале први знаци дека нивниот имунолошки систем може да ги создаде спомнатите широки антитела.

„Широко неутрализирачкото антитело е важно, бидејќи вирусот мутира толку брзо што на заразените им е потребна сачмарка, а не обична пушка за да спречи цела низа различни видови ХИВ конфигурации“, кажа Шафнер, додавајќи дека децениската потрага по вакцина против ХИВ е сосема спротивна од развојот на вакцина против ковид-19, на која науката била спремна и успешно се развија повеќе вакцини.

Истражувачите соработуваат со компании како Модерна за да ја вклучат мРНА технологијата која се користеше во развојот на вакцината против ковид-19. Иако потенцијалната вакцина против ХИВ која се истражува во тестирањето не е заснована врз мРНА технологијата, истражувачите разгледуваат како таа технологија би можела да се користи во иднина за развој на вакцина против ХИВ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе