„Мутациите не се лоша работа“

Научници откриле стотици мутации на коронавирусот, но немаат поим што значат тие

Истражувачите во САД и во Велика Британија открија стотици мутации на вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19.

Но никој досега не утврдил што ќе значи ова за ширењето на вирусот кај населението и колку ќе биде ефикасна вакцината.

Вирусите мутираат - тоа е она што тие го прават, вели Би-би-си.

Прашањето е: која од овие мутации всушност прави нешто за да ја промени сериозноста или заразноста на болеста?

Едно прелиминарно истражување од САД вели дека една посебна мутација - Д614Г - станува доминантна и може да ја направи болеста позаразна.

Тоа сè уште не е рецензирано од други научници и официјално објавено.

Истражувачите, од Националната лабораторија Лос Аламос во Њу Мексико, ги следеле промените во „боцката“ на вирусот што му ја дава карактеристичната форма, користејќи ја базата на податоци наречена Глобална иницијатива за споделување на сите податоци за грипот (ГИСАИД).

Тие забележале дека се чини дека има нешто околу оваа конкретна мутација што го прави побрзо да расте - но последиците од ова сè уште не се јасни.

Истражувачкиот тим ги анализирал податоците од Велика Британија од пациенти со коронавирус во Шефилд. Иако откриле дека луѓето со одредена мутација на вирусот се чини дека имаат поголемо количество вирус во примероците, не нашле докази дека тие луѓе повеќе се разболеле или подолго останале во болница.

 

„Мутациите не се лоша работа“

Друга студија од Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ) открила 198 повторливи мутации на вирусот.

Еден од нејзините автори, професорот Франсоа Бало, рече: „Мутациите сами по себе не се лоша работа и ништо не укажува дека САРС-КоВ-2 мутира побрзо или побавно од очекуваното. Досега не можеме да кажеме дали САРС-КоВ-2 станува повеќе или помалку смртоносен и заразен“.

Една студија од Универзитетот во Глазгов, која исто така ги анализирала мутациите, вели дека овие промени не претставуваат различни видови вирус. Заклучиле дека во моментов циркулира само еден вид вирус.

Следењето на малите промени во структурата на вирусот е важно во разбирањето на развојот на вакцините.

Еве на пример вирусот на грипот: тој толку брзо мутира, што вакцината треба да се приспособува секоја година за да се справи со конкретниот поттип што циркулира.

 

Развој на лекови

Многу од вакцините за ковид-19 што во моментов се во развој ги таргетираат карактеристичните боцки на вирусот - идејата е да го поттикнете вашето тело да препознае уникатен елемент на боцката што ќе му помогне да се избори со целиот вирус. Но ако таа боцка се менува, вакцината направена на овој начин може да стане помалку ефикасна.

Во моментов сето ова е теоретско. Научниците сè уште немаат доволно информации за да кажат што ќе значат промените во геномот на вирусот.

Д-р Луси ван Дорп, коавторка на студијата од УЦЛ, вели дека можноста да се анализираат голем број геноми на вируси може да биде „непроценлива за напорите за развој на лекови“.

Сепак, таа за Би-би-си изјави: „Ги обожавам геномите, но тие не можат да кажат многу“.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе