Научници делумно оживеаја мозок на мртва свиња

Американски научници делумно оживеаја мозок на свиња четири часа откако животното било убиено, јавува магазинот Нејчр. Тимот го предводел професор од Хрватска кој предава на престижниот универзитет Јејл, Ненад Шестан.

Иако во експериментот на животното не му се вратила свеста, Нејчр пишува дека се поставуваат бројни етички прашања околу неговото спроведување. Се поставуваат и прашања за самата природа на смртта и нејзината дефиниција, како медицинска така и правна.

Научниците од Јејл за потребите на истражувањето споиле мозок на свиња, односно од неколку, на систем кој во мозокот пумпал течност која послужила како замена за крвта.

Со тоа на мозокот му биле вратени некои основни функции, како способноста на клетките да произведуваат енергија. Освен тоа, постапката помогнала да се одржи внатрешната структура на мозокот.

„Во поголемиот дел од човечката историја смртта беше многу едноставна. Сега ќе мора да се прашаме што е навистина неповратно“, кажа Кристоф Кох, претседател и главен научник на институтот Ален за истражување на мозокот во Сиетл.

Нејчр пишува дека Ненад Шестан решил да добие одговор на прашањето дали мозокот може да се оживее по смртта со помош на 32 свински мозоци. Мозоците биле отстранети од черепите и биле сместени во специјални комори. Потоа во секој мозок бил внесен катетер.

Четири часа по смртта научниците во вените и артериите на мозоците преку катетерите почнале да вбризгуваат топол раствор.

Тоа го правеле преку системот Брејн-екс, кој го имитира течењето на крвта така што во мозокот внесува хранливи материи и кислород. Растворот кој тимот го вбризгал во мозоците во себе имал и хемикалии кои служат за спречување на активноста во невроните, заштита од штета, но и за спречување електрична активност во мозокот.

И покрај тоа, научниците ја следеле мозочната активност на мозоците за време на целиот експеримент и биле спремни да дадат анестетик ако забележат дека доаѓа до враќање на свеста.

Научниците тестирале колку добро се држи мозокотво период од шест часа.

Откриле дека за тие шест часа невроните и останатите мозочни клетки ги вратиле своите метаболички функции, како конзумацијата на шеќер или производството на јаглерод диоксид. Освен тоа, забележале и дека имунитетниот систем на мозокот почнал да работи.

Структурата на одделни клетки и делови од мозокот била сочувана. Резултатите ги споредиле со мозоци кои не примиле раствор, во кои структурата на клетките се урнала.

Кога научниците во мозоците кои примиле раствор пуштиле електричен сигнал, откриле дека одделни неврони и понатаму можат да пренесуваат сигнал низ мозокот.

Но тимот никогаш не забележал електрични примероци низ целиот мозок, што би значело софистицирана мозочна активност или дури свест.

Научниците изјавија дека за повторно придвижување на мозочната активност можеби би бил потребен електрошок или пак мозокот би требало во спомнатиот хранлив раствор да се чува подолго за клетките во мозокот да се опорават од штетата настаната додека мозокот бил без кислород.

Брејн-екс системот е далеку од спремен да се употреби на луѓето, изјави Шестан за Нејчр, особено поради тоа што е тешко да се употреби ако мозокот не се извади од черепот.

„Полетавме неколку метри, но прашањето е можеме ли навистина да летаме“, додаде тој.

Во меѓувреме научниците и владите се борат со правните и етичките прашања поврзани со создавањето свесен мозок вон телото.

„Ова е непозната територија. Законот ќе мора да еволуира за да го одржи чекорот“, кажа Кох.

Тој додаде дека за ова прашање сака поширока етичка дискусија пред други научници да се обидат да придвижат свест во мозок надвор од тело.

„Тоа е голем, голем проблем. А кога еднаш ќе го направиме, повеќе нема враќање назад“, заклучи Кох.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе