НАТО се плаши дека со купувањето на рускиот С-400, Турција го загрозува авионот Ф-35

Американскиот врховен командант на НАТО силите за Европа, генералот Кертис Скапароти, изјави дека ќе им препорача на САД да не ѝ го продаваат борбенот авион Ф-35 на Турција.

Генералот Скапароти наведе дека трговијата треба да се спречи доколку Анкара продолжи со реализацијата на планот да го купи напредниот руски противвоздушен систем.

Скапароти смета дека Турција треба повторно да размисли за својот план за купување на С-400 годинава или ќе го изгуби пристапот до идните американски воени летала и системи, пренесува Асошиејтед прес.

Според него, С-400 би бил закана за Ф-35.

Американски функционери во моментов се во Турција за да ги објаснат последиците од купувањето на ракетниот систем С-400, додаде американскиот генерал.

И Пентагон ѝ се закани на Анкара со „тешки последици“ доколку не го откаже купувањето на С-400 од Русија, а портпаролот на американското министерство за одбрана ја советуваше Турција да најде „подобри опции“ и ја предупреди на „пошироките последици“.

„Купувањето на рускиот одбранбен систем С-400 од страна на Турција ќе има тешки последици по одбранбените врски на САД со Турција“, изјави портпаролот на Пентагон Ерик Пахон.

Американскиот Стејт департмент во декември одобри продажба во вредност од три и пол милијарди долари на противвоздушниот систем „патриот“ на Турција, а испораката на авионите Ф-35 е одложена додека преговорите околу системот С-400 со Москва продолжуваат.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе