Најголемата месечина во Сончевиот систем

НАСА забележа водена пареа на Јупитеровиот Ганимед

НАСА за прв пат откри пареа во атмосферата на Ганимед - не само најголемата месечина на Јупитер, туку и најголемата месечина во целиот наш соларен систем.

Фото: Пиксабеј

Истражувачите дошле до ова откритие користејќи и нови и архивски податоци од вселенскиот телескоп Хабл на НАСА, кој повторно е во функција откако поради компјутерска аномалија 32-годишниот систем ненадејно се исклучи на еден месец. Тие ги објавија своите откритија оваа недела во списанието Нејчр астрономи.

Според НАСА, водената пареа на Ганимед се формира кога мразот од површината на месечината преминува од цврста во гасна состојба, прескокнувајќи ја течната состојба, познато и како сублимација.

Претходните истражувања навестуваа дека Ганимед содржи повеќе вода од сите океани на Земјата, но смрзнувачките температури на месечината значат дека водата на нејзината површина е целосно цврста. Океанот всушност би постоел околу 160 километри под нејзината кора.

Па, од каде доаѓа водената пареа?

Истражувачите споредиле две набљудувања на Ганимед од 1998 година со една друга серија набљудувања од 2018 година. И откриле несовпаѓање во податоците стари неколку децении.

Во 1998 година, спектрографот на вселенскиот телескоп Хабл ги направи првите ултравиолетови слики на Ганимед, покажувајќи ги шарените ленти од електрифициран гас на месечината, познати како аурорални појаси, кои докажуваат дека тој има постојано магнетно поле. Во тоа време, научниците веруваа дека поголемите концентрации на атомски кислород се одговорни за малите разлики што ги забележале на сликите направени од Хабл.

Поновите истражувања со употреба на новиот спектрограф на Хабл се обидоа да го измерат количеството на атомскиот кислород во атмосферата на Ганимед и да го споредат со архивските податоци од 1998 до 2010 година.

Изненадувачки, истражувачите не нашле никаков атомски кислород во атмосферата.

Прегледувајќи ги сликите на аурората на Ганимед, тимот открил дека, како што температурата на месечината се зголемува и опаѓа во текот на денот, околу пладне во близина на екваторот станува доволно топло за да се случи сублимација, со ослободување молекули на вода.

„Во поширока смисла, ова откритие покажува дека често треба да знаете на што да се фокусирате кога ги анализирате податоците. Сигналот од Х2O беше присутен на сликите на Хабл од 1998 година“, вели главниот автор Лоренц Рот. „Само со дополнителни информации преку нови податоци и предвидувања од теоретски студии знаевме што да бараме и каде да го бараме. Веројатно има уште многу работи што треба да се откријат во џиновската база на податоци што вселенскиот телескоп Хабл ги собра во текот на своите три децении во вселената“.

Таму каде што има вода, може да има живот како нашиот. Астрономите велат дека наоѓањето течна вода надвор од Земјата е клучно во нашиот лов по други живеалишта.

И Европската вселенска агенција се надева дека ќе открие кога ќе го лансира својот Истражувач на ледените месечини на Јупитер до гасниот гигант во 2022 година, кој се планира да пристигне во 2029 година, за да помине неколку години во набљудување на планетата и нејзините најголеми месечини како потенцијални живеалишта.

„Нашите резултати можат да им дадат вредни информации на тимовите на Истражувачот, кои може да се искористат за да се подобрат нивните планови за набљудување за да се оптимизира користењето на вселенското летало“, додаде Рот.

Претходно овој месец, сондата Јунона на НАСА долета поблиску до Јупитер и Ганимед од кое било друго вселенско летало во повеќе од две децении, прикажувајќи прекрасни слики.

„Ова е најблиску што некое вселенско летало ѝ пришло на оваа мамутска месечина во една генерација“, рече тој. „Ќе помине долго време пред да донесеме какви било научни заклучоци, но дотогаш можеме едноставно да му се воодушевуваме на ова небесно чудо, единствената месечина во нашиот сончев систем поголема од планетата Меркур.“

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе