НАСА за крајот на март закажа прва прошетка низ вселената само за жени

Американската вселенска агенција НАСА за 29 март ја закажа првата прошетка во вселената само за жени, соопшти агенцијата.

Астронаутките Ен Меклејн и Кристина Кох ќе ја предводат прошетката од Меѓународната вселенска станица (ИСС), кажа портпаролката на НАСА Кетрин Хамблтон.

Жени и претходно шетале во вселената, но на 29 март тој потфат за првпат ќе го изведе женска астронаутска двојка.

На Меклејн и Кох од Земјата ќе им помага трета жена, Кристен Фесиол. Таа на 1 март твитна дека на крајот на месецот ќе биде „на конзолата“ на вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Тексас.

Една недела пред прошетката НАСА на медиумите ќе им соопшти што точно ќе прават астронаутките, истакна Хамблтон, додавајќи дека задачата може да биде сменета.

Меклејн во моментов е дела од групата која се наоѓа на ИСС со уште два астронаути и еден космонаут. Таа бројка двојно ќе се зголеми по 14 март.

Во екипажот на рускиот вселенски брод Сојуз кој ќе биде лансиран од казахстански Бајконур, покрај Кох ќе бидат и нејзиниот колега Ник Хејг и рускиот космонаут Алексеј Ошињин.

Пред излегувањето со Кристина Кох, Меклејн на 22 март ќе има една прошетка со Хејг.

Станува збор за вселенска прошетка на ИСС со број 214. Вселенската станица се наоѓа во орбита од 408 километри над Земјата.

Првата жена која се прошета низ вселената беше Светлана Савитскаја на 25 јули 1984 година. рекордот во најголем број излегувања во вселената го држи Пеги Витсон со 10 прошетки.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе