НАСА успешно собра примероци од астероидот, но и расфрлала по вселената

Американската сонда собрала минатата недела толку материјал од астероидот Бену што камењата се забиле во вратата од контејнерот, поради што дел од примероците се расфрлале низ вселената, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

EPA-EFE

Сондата во вторникот вечерта успеа да собере материјал од астероидот со големина на зграда, на околу 320 милиони километри од Земјата и го спакува во контејнер кој собраниот материјал треба да го донесе на Земјата.

Меѓутоа, фотографиите од собраниот материјал испратени во НАСА покажуваат дека е собрано многу повеќе од што предвиделе научниците, поради што вишокот камења од астероидот се расфрлале по вселената.

Поради овој инцидент тимот ја паузирал работата со сондата, за да спречи дополнително собирање материјал и негово расфрлање.

НАСА соопшти дека сега ќе премине на фазата на вовлекување на контејнерот во леталото и негово поставување во безбедна положба, за собраниот материјал да не биде дополнително загрозен.

Американската агенција ќе знае колку материјал успеала да собере кога капсулата со примероци кога ќе се врати на нашата планета во 2023 година. Инцидентот ги приморал лидерите на мисијата да се откажат од евентуални нови обиди да соберат материјал, а леталото ќе тргне кон Земјата во март следната година.

Научниците се надеваат дека во собраниот материјал ќе најдат траги за потеклото на животот на Земјата бидејќи астероидите се она што останало при формирањето на сончевиот систем пред околу 4,5 милијарди години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе