Прв контролиран лет на друга планета

НАСА успешно полета мал хеликоптер на Марс (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција успешно го полета хеликоптерчето Инџенуити на Марс.

Фото: НАСА

Беспилотното летало леташе помалку од една минута, но НАСА го слави затоа што ова го претставува првиот управуван, контролиран лет на друга планета.

Потврдата дојде преку сателит на Марс, кој ги пренесе податоците од хеликоптерчето до Земјата.

Вселенската агенција ветува поавантуристички летови претстојниов ден.

Инџенуити ќе добие команди да лета повисоко и подалеку, бидејќи инженерите сакаат да ги тестираат границите на технологијата.

Хеликоптерот ја сними својата сенка на тлото

„Сега можеме да кажеме дека човечките суштества летале ротокоптер на друга планета“, рече воодушевената Мими Онг, раководителка на проектот Инџенуити во Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена.

„Толку долго зборувавме за нашиот момент 'браќа Рајт' на Марс, и еве го“, рече таа алудирајќи на Вилбур и Орвил Рајт, кои го изведоа првиот напојуван, контролиран лет на летало тука на Земјата во 1903 година.

Инџенуити дури носи и мало парче од едно од крилата на Флаер 1, авионот што го направи тој историски лет во Кити Хоук, Северна Каролина, пред повеќе од 117 години.

Во денешната демонстрација, марскоптерот - наречен Инџенуити - се искачи на околу 3 метри, лебдеше, се вртеше и потоа слета.

Да се полета на Црвената планета не е лесно. Атмосферата е многу ретка, само 1% од густината на Земјината атмосфера. Ова им отежнува на перките на роторското летало да го постигнат кревањето. Затоа, Инџенуити беше направен исклучително лесен и му е дадена моќ исклучително брзо да ги врти тие перки - со над 2.500 вртежи во минута.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе