НАСА пушти снимка од неверојатната големина на вселената (ВИДЕО)

НАСА со децении нижеше голем број неверојатни технолошки подвизи во инженерингот и генијалноста, но едно неодамнешно видео на вселенската агенција покажува уште колку многу работа ги чека.

Последниве неколку години, НАСА даваше неверојатни перспективи од нашата сопствена планета, вклучувајќи и фасцинантни слики од некои од најпознатите светски природни феномени на Земјата.

Не целосно задоволна од проучувањето на сопствениот двор, агенцијата донесе фотографии и видеа од Марс благодарение на својот сега „покоен“ ровер, а да не зборуваме за орбитирањето околу далечни астероиди за да се обиде да го открие потеклото на самиот универзум.

Во обид да го објасни огромниот обем на своето поле на проучување, НАСА состави кратко поучно видео, кое ја прикажува неверојатната големина на галаксијата Млечен Пат.

Убаво е понеделнички да се добие малку перспектива, особено во ден кога сите наслови ги краде првата епизода од последната сезона од „Игра на престолите“.

Објавено

Понеделник, Април 15, 2019 - 14:04

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе