НАСА предупреди дека 2 „потенцијално опасни“ астероиди ќе поминат крај Земјата во мај

Продолжувајќи ја растечката листа на проблеми на човештвото во 2020 година, НАСА издаде глобално предупредување - за не еден, туку два потенцијално опасни астероиди што треба да нè „посетат“ наредниот месец.

Освен релативно блиската средба со „маскираниот“ астероид 1998 ОР2 на растојание од 6,3 милиони километри, која ќе се случи на 29 април, веќе во наредните недели можеме да ги очекуваме и двата астероиди од класата Аполо.

Од парот што се очекува во мај, првиот е потенцијално опасниот астероид (ПХА) 2009 Икс О.

Процените засновани на тоа колку светлина рефлектира укажуваат дека вселенската карпа најверојатно има големина на фудбалско игралиште, а патува со брзина од 45.720 км / ч.

Карпестиот предмет орбитира околу Сонцето на секои 926 дена и е член на Аполо-класата на астероиди чии орбити се вкрстуваат со орбитата на Земјата, постојано давајќи им причина за грижа на експертите одговорни за планетарна одбрана од НАСА.

За среќа, Икс О 2009 на 7 мај треба да помине крај нашата планета на растојание од околу 3,3 милиони километри - што според стандардите на НАСА сепак се смета за „блиску“.

Под услов да не се распадне пред тоа, вселенската карпа во наредните 200 години треба да направи десетина прелети близу Земјата, од кои најблискиот ќе се случи на 7 мај 2096 година, кога ќе дојде на растојание од 1,5 милион километри на Земјата (за споредба, Месечината е оддалечена 384.400 км).

За да не се опуштиме премногу во блиска иднина, сепак, две недели по 2009 Икс О ќе дојде астероидот 136795 (Би Кју 1997), кој е приближно двојно поголем од Бурџ Халифа, највисоката зграда во светот.

Овој монструм е исто така астероид од класата Аполо и орбитира околу Сонцето на секои 844 дена. Патувајќи со релативно слаби 42.048 километри на час, се очекува на 21 мај да пролета покрај Земјата на оддалеченост од 6,2 милиони километри.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе