НАСА овозможи да го разгледаме Марс (ВИДЕО)

Роверот на НАСА Персевиренс, кој го истражува Марс, испрати на Земјата фасцинантни фотографии кои прикажуваат панорама од Црвената планета, а сега е можно и самите да го разгледаме Марс – преку интерактивно видео на американската вселенска агенција.

EPA-EFE

Фотографиите со висока резолуција кои доаѓаат од Марс се особено интересни бидејќи ја прикажуваат околината и роверот во кратерот Језеро во 360 степени, а сега експертите на НАСА од тие фотографии составиле панорама во облик на интерактивно видео.

Панорамата се состои од 992 индивидуални фотографии, создадени со „десното око“ на камерата на роверот. Вкупната резолуција изнесува 2,4 милијарди пиксели.

Што точно Персевиренс видел и слушнал околу себе можете да видите и самите во видеото, кое овозможува разгледување на панорамата на Марс, како и интересните места на неговото тло – како она каде што слетал роверот.

Откако слета на Марс на 18 февруари, роверот е прилично зафатаен.

Успешно го пушти хеликоптерот Инџенуити, го сними неговиот прв лет, демонстрираше можност за создавање кислород од атмосферата на Марс, сними атмосферски звуци и направи повеќе од 75 илјади фотографии.

А тоа е само почетокот бидејќи во следните месеци, како што најави НАСА, Персевиренс ќе ја истражува површината на Марс и ќе ги земе првите примероци од тлото кои потоа, во некоја од следните мисии, ќе бидат донесени на Земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе