НАСА објави нови правила на однесување на месечината: забранети се тепачки и фрлање ѓубре

НАСА објави нови правила за на месечината: нема тепачки и расфрлање ѓубре. И никакво непочитување на историските лунарни знаменитости како Базата на спокојството на Аполо 11.

Фото: НАСА

Вселенската агенција во вторникот издаде упатства за својата програма за слетување на Месечината Артемида, заснована на Договорот за вселената од 1967 година и на други договори. Досега осум земји ги потпишаа овие таканаречени Спогодби на Артемида. Основачки членки се САД, Австралија, Канада, Италија, Јапонија, Луксембург, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија. Администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн, рече дека очекува повеќе земји да се приклучат во напорите за враќање на астронаутите на Месечината до 2024 година.

Ова би требало да биде најголемата коалиција за програма за човечки вселенски летови во историјата, според Бриденстајн, и се очекува да го отвори патот за евентуални експедиции на Марс. „Важно е не само да патуваме на Месечината„ со нашите астронаути, туку со себе да ги понесеме и нашите вредности“, истакна вршителот на должноста шеф на НАСА за меѓународни и меѓуагенциски односи, Мајк Голд.

Правило број 1: Секој мора да дојде пријателски настроен.

Други правила:

- Таинственоста е забранета, и сите лансирани објекти треба да бидат идентификувани и регистрирани.

- Сите членови се согласуваат да се вклучат во астронаутски вонредни ситуации.

- Вселенските системи мора да бидат универзални, така што сечија опрема да е компатибилна, а научните податоци мора да се споделуваат.

- Историските места мора да бидат зачувани и сите вселенски отпадоци правилно да се отстрануваат.

- Не смее да се загрози мисијата на роверите и другите вселенски летала со претерано приближување до нив.

Насилниците може да бидат избркани, според Бриденстајн. Коалицијата може да им каже: „Вие сте во оваа програма со нас, но не играте според истите правила“, рече Бриденстајн.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе