НАСА објави нови фотографии од роверот Персевиренс на Марс (ФОТО)

Членовите на тимот на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), кои во четвртокот спуштија ровер на Марс, денеска организираа прес-конференција и одговараа на прашања во врска со мисијата.

Фото: НАСА/ЕПА

Американската вселенска агенција објави неверојатна фотографија што од Марс ја испрати нејзиниот ровер Персевиренс.

На неа се гледа како роботот во четвртокот се спушта кон тлото за да слета.

Персевиренс има големо количество податоци во своите мемориски бази, кои постепено ги праќа на Земјата.

Меѓу другите слики е и глетката од сателит што го снимил роверот во падобранската фаза од неговото спуштање.

Фото: НАСА/ЕПА

Ова исто така претставува огромно техничко достигнување затоа што сателитот - Извидувачкиот орбитер на Марс - во тоа време се наоѓаше на околу 700 км од Персевиренс и патуваше со околу 3 км / секунда.

НАСА ветува повеќе во следните неколку дена, кратки филмови снимени за време на низата „Влегување, спуштање и слетување“ (ЕДЛ) - со звук.

Персевиренс беше спуштен во кратер близу до екваторот на Марс, познат како Језеро, каде што ќе бара знаци на микробиолошки живот од минатото.

Роботското летало патуваше низ вселената скоро седум месеци, поминувајќи 472 милиони километри пред да ја пробие атмосферата на Марс со 1.900 километри на час за да почне со пристапот до површината на планетата.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА/ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе