НАСА објави драматична снимка од топењето на Арктикот (ВИДЕО)

Топењето на Арктикот придонело на драстично тепење на мразот кој го покрива поларниот океан, објавија во понеделникот научници на Националниот центар за следење на снегот и мразот (НСИДЦ), истакнувајќи дека станува збор за второ рекордно намалување на мразот во последните четири децении.

EPA-EFE

Сателитските снимки од 15 септември покажуваат дека мразот покрива 3,74 милиони квадратни километри морска површина, што е само вторпат во 42 години таа бројка да се намали под четири милиони квадратни километри.

„Поприлично сме поразени поради постојаното губење на мразот. За жал, тоа не е изненадување“, изјави глациологот Твила Мун од Истражувачкиот центар во Колорадо.

Сибирскиот топлотен бран

Рекордно мало количество на морскиот леден штит од 3,41 квадратен километар е забележано во 2012 откако доцнасезонски циклон го разби преостанатиот мраз, но тоа не е многу помалку од она што научниците го гледаат денес.

Годинешното губење на морскио мраз особено било забележливо меѓу 31 август и 5 септември благодарение на ударите на топол воздух од жешкиот бран од Сибир.

Во текот на тие шест дена мразот се топел побрзо од која било друга година откако се спроведуваат мерењата. Друг тим научници во јули објави дека сибирскиот топлотен бран не би бил возможен без човечкото влијание на климата.

Губењето на морскиот мраз

Како се губи мразот во водите на Арктикот, сѐ поголеми делови од отвореното темно море го апсорбираат сончевото зрачење, наместо да го одбиваат назад во атмосферата.

Тоа е процес кој го засилува глобалното загревање и кој објаснува зошто арктичките температури се во постојан пораст.

Во последните 30 години речиси двојно се зголемиле.

Губењето на морскиот мраз исто така ја загрозува арктичката флора и фауна, од поларните мечки и фоките до планктоните и алгите. Со глобалното загревање не се губи само морскиот туку и копнениот мраз и ледениот штит кој го покрива арктичкото копно во Канада и на Гренланд.

Колку побрзо тие штитови се топат и лизгаат во океанот, толку побрзо расте нивото на морето во сите делови од светот.

„Мораме да работиме на намалување на емисиите на штетните гасови за во иднина да не сведочиме на такви рекорди“, кажа Твила Мун.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе