46П/Виртанен

НАСА направи одлични слики од „божиќната комета“ (ФОТО)

Набљудувачите на небото добија посластица месецов кога „божиќната комета“ стана видлива на ноќното небо.

Од метеорски дождови до полни месечини, декември е полн со неверојатни астрономски глетки.

Месецов љубителите беа почестени и со комета, кога „божиќната комета“ стана видлива на ноќното небо.

НАСА направила две прекрасни фотографии од кометата 46П/Виртанен.

Вселенската агенција првата слика ја направила на 13 декември од вселенскиот телескоп Хабл, кога кометата била на 12 милиони километри од Земјата.

На фотографијата се гледа јадрото на кометата скриено во матниот сјај од неговата „кома“ - облак од гас и прашина исфрлени од кометата.

Втората слика била снимена од Стратосферната опсерваторија за инфрацрвена астрономија на НАСА на 16 и 17 декември, кога леталото летало на 12.000 километри.

Објавено

Петок, Декември 21, 2018 - 14:27

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе