НАСА намерно ќе удри во астероид за во иднина да може да го спаси светот (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција НАСА наскоро ќе лансира вселенско летало кое треба намерно да удри во астероид.

EPA-EFE

Мисијата ДАРТ ќе почне на 23 ноември на ракетата на Спејсекс Фалкон 9 од вселенскиот центар Вандерберг во Калифорнија. По лансирањето во ноември НАСА во септември 2022 ќе ја тестира технологијата за скршнување на астероидот од траекторијата за да види дали може да влијае врз небесните тела кои поминуваат многу блиску до Земјата.

Експертите планираат да се обидат да го скршнат Диморфос, сателит кој кружи околу астероидот Дидимос. Ова би требало да биде прва реална демонстрација на овој вид технологија за одбрана на планетата, пишува Си-ен-ен.

Објектите кои минуваат блиску до Земјата (НЕО – near-Earth object на англиски), како астероид или комета, често минуваат релативно блиску до нашата планета, а медиумите се склони на претерување на нивната опасност само поради тоа што се ставени во категориите ПХО или НЕО.

НЕО е секој објект кој во близина на Сонцето ќе мине на оддалеченост помала од 1,3 АЈ (АЈ е астрономска единица). АЈ ја означува рамковната оддалеченост на Земјата од нашата ѕвезда и изнесува 150 милиони километри. Тоа значи дека станува збор за небесни тела кои минуваат блиску до нашата планета во релативна смисла. На пример, некој астероид од категоријата НЕО може да помине на оддалеченост од 6,3 милиони километри од нашата планета, што всушност е прилично далеку. За споредба, Месечината во просек е оддалечена 384.400 километри.

Потенцијално опасен објект (ПХО) е вселенско тело чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кое од Земјата минува на оддалеченост од 0,05 АЈ (7.500.00 км) или помала.

Научниците пред две децении открија дека околу астероид од категоријата НЕО кружи мал сателит кој на почетокот имаше назив Дидимос б. На грчки Дидимос значи близнак, а со него требаше да се опише бинарниот систем со поголемиот астероид, со големина од речиси 800 метри, околу кое кружи тело со дијаметар од околу 160 метри.

Клеоменис Тсиганис, планетарен научник од Универзитетот Аристотел во Солун и член на мисијата ДАРТ, предложи сателитот да се вика Диморфос.

„Диморфос значи „во два облика“, а ќе укажува на статусот на овој објект како прво небесно тело на кое човештвото значително влијаело врз неговата орбита“, кажа Тсиганис.

Во септември 2022 година Дидимос и Диморфос ќе бидат релативно блиску до Земјата, односно во 11 милиони километри од нашата планета. ДАРТ тогаш би требало да се забие во Диморфос за да ја смени неговата траекторија.

Овој судир би требало да го следи сателитот Лисијакјуб на Италијанската вселенска агенција. Откако ќе поминат неколку години од ударот, мисијата на Европската вселенска агенција Хера ќе спроведе понатамошна анализа на траекторијата на Дидимос и Диморфос.

„ДАРТ е првиот чекор во тестирањето на методата за скршнување на опасните астероиди“, кажа Андреа Рајли, извршна директорка на програмата ДАРТ.

„Потенцијално опасните астероиди претставуваат глобален проблем и драго ни е што на собирањето на што попрецизни податоци на оваа демонстрација на отстранување со кинетички удар соработуваме со нашите европски и италијански колеги“, додаде таа.

ДАРТ би требало при судирот со Диморфос да ја смени неговата брзина на орбитата околу Дидимос за 1 отсто, што не звучи многу, но тоа треба да го измени неговиот орбитален период за неколку минути. Таа промена на брзината ќе можеме да ја мериме и набљудуваме со телескопи на Земјата. Тоа ќе биде и прв пат луѓето да ја сменат динамиката на тело од Сончевиот систем на мерлив начин.

Три години по ударот Хера би требало детално да го проучи Диморфос, да ги измери физичките својства на тој сателит, да го проучи влијанието на ДАРТ и да ја анализира неговата орбита.

Вредните податоци кои ќе ги соберат ДАРТ и Хера ќе придонесат на стратегиите на планетарната одбрана, особено на сфаќањето каква сила е потребна за поместување на орбитата на астероид од категоријата НЕО кој би можел да удри во нашата планета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе