НАСА на Исланд се подготвува за Марс (ВИДЕО)

За да се подготви за идната мисија на Марс во 2020 година, НАСА „слета“ на Исланд каде планира да провери дали нејзиниот нов вселенски ровер е подготвен за претстојната задача.

Со својот црн базалтен песок, песочните дини и карпестите врвови, полето на лавата Ламбахраун во подножјето на вториот најголем исландски глечер Лангјокула е избрано како заменски полигон за површината на Црвената планета.

Петнаесет научници и инженери на НАСА таму три недели ќе го усовршуваат прототипот на роботот кој треба да ја продолжи работата на роверот Кјуриосити кој го истражува Марс од 2012 година.

Експертите тврдат дека Исланд, вулканскиот остров среде северниот Атлантик, прилично личи на четвртата планета од Сонцето.

„Исланд е многу добра аналогија за истражувањето на Марс и учењето како да управуваме со роверот“, кажа Адам Деслорие од канадската компанија која за НАСА го тестира прототипот за нов ровер.

Роверот е мало електрично возило на четири тркала, со два мотори и 12 мали автомобилски акумулатори.

„Тој ровер е во основа неуништлив. Нашите ровери на Месечината и Марс всушност би имале повеќе проблеми на Исланд бидејќи, на пример, се целосно незаштитени од дожд“, вели Деслорие.

Опремен со сензори, компјутер и камери, роверот е тежок околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 сантиметри во секунда.

Возилото мора да биде толку бавно за да може правилно да собира податоци и да ги испрати на Земјата, објаснуваат експертите.

Роверот кој се тестира на Исланд е само прототип на оној кој следната година ќе биде испратен на Марс. А тој што ќе биде испратен ќе може и да собира примероци и да ги чува во своите резервоари за идни мисии да можат да ги донесат на Земјата.

Пред да стане негостопримлива ледена пустина со просечна температура од минус 63 Целзиусови степени, Марс, како што веруваат научниците, имал случни карактеристики со субарктичкиот Исланд.

„Минерологијата на Исланд е многу слична на онаа што ќе ја откриеме на Марс“, вели Рајан Јуинг, професор по геологија на тексашкиот универзитет А&М.

„Покрај тоа, тука е студено и нема многу вегетација, но средината е слична, со песочните дини, реките и глечерите, на таа што Марс ја имал во минатото“.

Исланд и порано бил користен како полигон за обука на астронаутите на НАСА. За време на мисијата Аполо 32 астронаутите биле на геолошка обука на исландските полиња со лава.

Таквата средина на НАСА ѝ овозможува да ги тестира опремата и процедурите како што треба да се извршуваат, во екстремни услови, но на површината на Земјата.

Следната мисија на Марс треба да биде лансирана меѓу 17 јули и 5 август следната година.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе