НАСА: На Гренланд има доволно мраз нивото на морето да го крене за 7,5 метри

Педесет години по слетувањето на Месечината американската вселенска агенција НАСА сѐ повеќе го врти својот фокус. Многумина сметаат дека во овој период поважно од истражувањето на Марс е проучувањето на клучните делови од климатскиот систем на планетата Земја. Зголемен е буџетот на НАСА за одделот за научно проучување на Земјата, а се спремаат уште најмалку два нови сателити за таа цел.

Зголемениот интерес на вселенските научници за атмосферските прилики на матичната планета воопшто не чуди, имајќи предвид дека само на Гренланд се стопија 12,5 милијарди тони мраз во само еден ден. Така 2 август ова лето влезе во историјата бидејќи станува збор за датум кога е забележано најголемото губење на ледената покривка во историјата, што се случи поради големиот топлински бран кој ги погоди САД и Европа.

Во малото село Кулусук на Гренланд НАСА постави база за својата научна програма ОМГ (Oceans Melting Greenland – Океаните се топат Гренланд). Океанографите на НАСА таму истражуваат не само колку зголемените температури на воздухот влијаат на топењето на ледената покривка туку и колкаво влијание на тоа има сѐ потоплиот океан кој одоздола го топи мразот.

„На Гренланд има доволно мраз за да го крене нивото на морето за 7,5 метри, што е големо количество мраз и тоа би било разорно за крајбрежните области низ планетата“, вели за Си-ен-ен океанографот Џош Вилис, која ја води програмата ОМГ, и додава: „Требаше веќе да се повлекуваме од брегот ако се соочуваме со толку изгубени метри во следните век или два“.

Гренланд има влијание врз целата планета бидејќи милијарди тони мраз кои таму се топат го креваат нивото на морето во Австралија, Азија, САД, во Европа...„Сите сме поврзани со истиот океан“, вели Вилис.

Научниците на НАСА се загрижени од силното влијание на сѐ потоплите морски води врз глечерите. На пример, на еден од најголемите гренландски глечери, Хелхајм, тие забележале „езеро“, а што е уште позагрижувачко, Хелхајм е целосно опкружен со топла вода во длабочината, над 600 метри под површината. „Многу е ретко да се види каде било на планетата 700 метри без температурна варијација и обично наидуваме на постудени води во горните стотина метри, но непосредно под глечерот е сèсѐтопло“, вели за Си-ен-ен Иан Фенти, климатолог на НАСА. Таа топла морска вода сега е во директен контакт со целата негова површина, што значително го забрзува топењето.

Хелхајм во изминатите години привлече големо внимание токму поради брзината на топењето. Тој глечер во 2017 загуби повеќе од неверојатни три километри, а минатата година научниците најдоа неколку километри долг столб од мраз кој се одвоил од задниот дел на глечерот. Топењето не сопира ни оваа година бидејќи мразот се повлекува по десетици метри на ден.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе