НАСА ќе забие вселенско летало во астероид како дел од мисијата за заштита на планетата

Вселенско летало од повеќе милиони долари ќе се судри директно во астероид со големина на фудбалски стадион во понеделник навечер, во досега невиден тест на планетарна одбрана на американската вселенска агенција НАСА.

Фото: НАСА

Вселенското летало од 570 килограми наречено Дарт - скратено од Двоен тест за пренасочување на астероид (Double Asteroid Redirection Test) - треба да се судри со голема брзина во астероидот Диморфос и да се самоуништи околу 1:14 часот наутро.

Судирот помеѓу астероидот и вселенскиот брод - кој е приближно со големина на фрижидер со два правоаголни соларни панели - би требало да се одвива на околу 11 милиони километри оддалеченост од Земјата.

Тестот има за цел да утврди дали намерното судирање на вселенско летало во астероид е ефикасен начин да се промени неговиот курс и да се избегне сценарио за судниот ден на Земјата.

Планираното самоуништување на Дарт не претставува закана за човештвото, рече портпаролот на НАСА, Глен Нејгл.

Нејгл рече дека тестот во понеделник е првиот од серијата „мисии за заштита на планетата“.

„Сакаме да имаме подобри шанси од диносаурусите пред 65 милиони години“, рече Нејгл, осврнувајќи се на теоријата дека праисториските влекачи кои некогаш владееле со Земјата биле истребени кога астероид удрил во планетата.

Нејгл додаде: „Сè што можеле да направат е да погледнат нагоре и да речат, ‘О астероид’“.

Иако ниту еден познат астероид поголем од 140 метри нема значителна шанса да удри во Земјата во следниот век, се проценува дека само 40% од тие астероиди се идентификувани досега.

Камерите и телескопите ќе го следат судирот, но ќе бидат потребни денови или дури недели, за да се открие дали навистина ја променил орбитата на астероидот.

Тестот за планетарна одбрана во вредност од 325 милиони долари, кој ќе кулминира во понеделник, започнат е со лансирањето на Дарт минатата есен.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе