НАСА ја слави годишнината од мисијата Плутон со прекрасна снимка од прелетување (ВИДЕО)

НАСА создаде прекрасно видео од прелетување над Плутон, две години откако мисијата Њу хорајзонс ѝ ги испрати на планетата Земја своите историски слики.

Сондата ги направи своите први фотографии одблиску откако се доближи на 12.550 километри до џуџестата планета во јули 2015 година, давајќи ни нова перспектива на ледената карпа на работ на нашиот сончев систем.

Новообјавената видеоснимка на НАСА, базирана на податоци од вселенското летало „Њу хорајзонс“ и дигитални модели на Плутон, нуди неверојатен увид во тоа како би било да се зумира над џуџестата планета.

Моделот ги покажува ледените рамнини на Платон и планинските масиви, прикажувајќи го неговиот извонреден терен до неверојатни детали.

Драматичното прелетување почнува над планините југозападно од големото пространство од азотен мраз, наречено „Спутник Планитија“, објаснува НАСА.

Потоа поминува над западниот дел од Спутник, каде што тој се граничи со темниот, кратерски терен Ктулху Макула, со блоковите планински венци лоцирани во рамнините од десната страна.

Понасевер може да се видат грубите и расцепкани висорамнини Војаџер Тера, а потоа доаѓаат Пионер Тера и теренот Тартарус Дорса, на далечниот исток од хемисферата.

НАСА, исто така, создаде видео од прелетувањето на Харон, најголемата месечина на Плутон, и објави мапи на Плутон и Харон за одбележување на годишнината од прелетувањето.

Вселенското летало Њу хорајзонс за време на својата мисија направи повеќе од 1.200 слики од Плутон и десетици гигабити податоци, за кои НАСА вели дека нејзините научници сè уште ги анализираат.

Сондата сега оди понатаму, кон Кујперовиот појас, огромна област што содржи „предмети“, главно составени од мраз. Таа има цел на 1 јануари 2019 година да помине покрај мало, ледено тело означено како 2014 МУ69.

Објавено

Понеделник, Јули 17, 2017 - 13:23

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе