НАСА откри „прва блиска супер-Земја“ која може да биде зрела за човечка колонизација

НАСА штотуку откри потенцијална „супер-Земја" надвор од нашиот сончев систем, која е удобно сместена во населивата зона на својата ѕвезда, што значи дека може да биде зрела за човечка колонизација.

Додека ја набљудувале ѕвездата со име ГЏ 357, која се наоѓа на само 31-на светлосна година во соѕвездието Хидра, вселенската агенција Транзитинг Ексопланет Сателајт (TESS) открила ѕвезда што се затемнува на секои 3,9 дена, што укажува на присуство на барем една транзитна егзопланета.

После понатамошно соларно испитување истражувачите наишле на куп планети, од кои најмногу ветувала ГЏ 357 д како планета која има услови кои укажуваат на тоа дека може да одржи живот.

Со оглед на нејзината позиција во однос на нејзината ѕвезда, испитувачите на НАСА проценуваат дека добива слични количини на соларна енергија како што Марс добива од нашето сонце.

„Ова е возбудливо, бидејќи ова е прва супер Земја во близина на човештвото што може да прифати живот“, изјави еден од водечките астрономи, Лиза Калтенегер.

Астрономите сега се надеваат дека ќе откријат дека планетата има густа атмосфера што може да зароби доволно топлина за да ја загрее и да дозволи течна вода на нејзината површина.

Сепак, без атмосфера планетата најверојатно има просечна температура од околу -53 Целзиусови, што ќе направи замрзнато непријатно место и најверојатно близу до невозможно да се колонизира без да се потрошат огромни ресурси.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе