Меѓународна вселенска станица

НАСА ја откажа „женската“ вселенска прошетка, немало костими со таа големина

Плановите на НАСА за вселенска прошетка составена само од жени пропадна - барем делумно поради тоа што агенцијата нема доволно вселенски костими што одговараат за астронаутките.

Во почетокот на овој месец НАСА објави дека Кристина Коук и Ен Меклејн на 29 март ќе учествуваат во првата таква мисија, излегување од Меѓународната вселенска станица (ИСС) на прошетка за да се инсталираат нови батерии. Во минатото таквите мисии беа составени или само од мажи или од мажи и жени.

Но во соопштението во понеделникот НАСА рече дека нејзините планови се промениле, „делумно“ поради недостиг од облека. Меклејн „за време на нејзината прва вселенска прошетка открила дека најдобро одговара горно торзо со средна големина, во суштина кошулата на костимот“.

До петок може да се направи само еден таков горен дел, соопшти агенцијата, и него ќе го добие Коук.

Кога Меклејн учествуваше во вселенската прошетка минатата недела, таа стана 13-та жена што го сторила тоа, вели НАСА. Коук ќе биде 14-тата.

Првата жена што извела вселенска прошетка беше советската космонаутка Светлана Савицкаја, пред 35 години. Повеќе од 500 луѓе имаат отидено во вселената, но само 11% биле жени, објави Ројтерс. Но и Коук и Меклејн беа дел од класата 2013 на НАСА, од која половина беа жени.

Тежок потфат е да си најдете костим чија големина ви одговара, вели Спејс, бидејќи микрогравитацијата ве прави повисоки. Меклејн месецов на Твитер напиша дека сега е за 5 сантиметри повисока од моментот кога била лансирана во вселената.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе