НАСА ја лансираше првата ракета од Австралија: „Ова е само почеток“ (ВИДЕО)

Успешното лансирање од вселенскиот центар Арнем во Северната Територија е првото на агенцијата од комерцијален космодром надвор од САД.

Фото: ЕПА

Областа во зафрлениот дел на Австралија влезе во историјата како место на првото лансирање ракета на НАСА од комерцијален космодром надвор од САД.

Суборбиталната ракета беше лансирана рано утринава по локално време. НАСА вели дека овој потфат ќе им овозможи на астрофизичарите да направат истражување што може да се спроведе само на јужната хемисфера. Научниците се надеваат дека собраните податоци ќе им помогнат да го проучат влијанието на ѕвездената светлина врз можноста за живот на блиските планети.

Ова воедно беше прво лансирање во Австралија по 25 години, пишува Би-би-си.

Локалните ентузијасти поминаа долг пат за да го видат лансирањето на ракетата, на која ѝ беа потребни 10 секунди за да влезе во атмосферата на Земјата.

„Сѐ се случи додека да трепнеш, но јас го доживеав како да гледам забавена снимка бидејќи целата област едноставно беше блескава“, изјави директорот на училиштето Јиркала, Меркијавуј Ганамбар-Стабс за австралиската радиодифузна корпорација.

„Во еден момент се слушна силен татнеж, никогаш во животот не сум слушнал такво нешто. Цел се стресов“, додаде тој.

Ракетата долга 13 метри не се задржа долго во атмосферата, по планираните 15 минути повторно падна на Земјата. Но собраните податоци ќе помогнат да се откријат тајните на соѕвездијата оддалечени 430 милиони светлосни години, рече Мајкл Џонс, извршен директор на вселенскиот центар Екваторијал лаунч Австралија.

„Тоа беше голема рендгенска камера што набљудуваше различни астролошки феномени и се обидуваше да ги сними ѕвездите на Млечниот Пат, особено соѕвездието Алфа Кентаури“, рече Мајкл Џонс.

Австралија во последно време сè повеќе работи на својата вселенска програма и се обидува да биде во чекор со амбициите на Русија и Кина. Вселенскиот центар Арнем е првата и единствена локација за лансирање во комерцијална сопственост на екваторот.

„Постигнавме извонреден подвиг. Тоа потврдува дека и Австралија може да пристапи до вселената. Ова е само почеток“, рече Џонс.

Следното лансирање се очекува да се случи на 4 јули. НАСА се обврза да ги собере сите материјали и отпадоци и да ги врати во САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе