НАСА испраќа две нови мисии на Венера

Американската вселенска агенција НАСА објави дека испраќа две нови мисии на Венера за да ги истражи атмосферата и геолошките карактеристики на таа планета.

EPA-EFE

Мисиите Да Винчи плус и Веритас, на кои им се доделени по 500 милиони долари, треба да почнат меѓу 2028 и 2030 година, пренесува Би-би-си.

Администраторот на НАСА Бил Нелсон кажа дека мисиите ќе пружат „шанса да се истражи планетата на која не сме биле повеќе од 30 години“. Последната сонда која ја посети планетата беше орбитерот Магелан во 1990 година.

„Целта на овие две сестрински мисии е да разберат како е Венера свет сличен на пеколот, способен да топи олово на површината“, кажа Нелсон.

Венера е трета планета од Сонцето и најтоплата планета во сончевиот систем со површинска температура од 500 Целзиусови степени – доволно топла да стопи олово.

Мисијата Да Винчи плус ќе ја мери атмосферата на планетата за да се добие увид во тоа како таа се формирала и развивала. Исто така поставена е цел да се утврди дали Венера некогаш имала океан.

Се очекува Да Винчи плус да ги испрати првите фотографии од геолошките карактеристики на планетата со висока резолуција. Научниците веруваат дека овие особини би можеле да се споредуваат со континентите на Земјата и би можеле да навестат дека Венера има тектонски плочи.

Другата мисија, Веритас, ќе ја мапира површината на планетата за да ја разбере нејзината геолошка историја и да истражи како таа толку различно се развивала од Земјата.

Ќе се користи радар за мапирање коти на површината и да се открие дали сè уште има вулкани и земјотреси.

„Вџашувачко е тоа колку малку знаеме за Венера, а комбинираните резултати од овие мисии ќе ни откријат податоци за планетата, од облаците на небото преку вулканите на нејзината површина сè до нејзиното јадро“, кажа Том Вагнер од одделот за планетарни науки на НАСА.

„Ќе биде тоа како повторно да ја откриваме планетата“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе