НАСА го лансираше роверот Персевиренс, кој ќе бара знаци на живот на Марс (ВИДЕО)

Роверот Персевиренс на НАСА предмалку беше лансиран на пат кон Марс, на мисија во потрага по знаци на можен живот во историјата на соседната планета.

Фото: НАСА

Ракетата Атлас 5 беше лансирана од Кејп Канаверал, а првите фази на летот и одвојувањето на потисните делови на леталото минаа според планот.

Мисијата на Марс на американската вселенска агенција НАСА вреди 2,4 милијарди долари, а вселенското летало треба да стигне до Марс во февруари следната година.

Роботскиот ровер со големина на автомобил со шест тркала треба на површината на Марс да го однесе и минихеликоптерот Инџенуити и да ја тестира опремата за идните мисии на Марс со човечки екипаж.

„Ова е деветто слетување на Марс, така што имаме искуство со тоа“, рече директорот на НАСА, Џим Брајденстин.

Персевиренс треба да слета на дното на кратерот Језеро длабок 250 метри. Кратерот, кој постоеше пред 3,5 милијарди години, според научниците, може да содржи докази за можен живот на микроби во минатото на Марс.

Научниците долго време дебатираа околу можноста дека на Марс, некогаш многу погостопримлива планета, постоел живот.

Еден од најкомплексните маневри на патеката на Персевиренс ќе бидат „седумте минути ужас“, како што го нарекоа инженерите, кога роботот ќе се соочи со екстремно високи температури и брзини за време на своето спуштање низ марсовската атмосфера, кога ќе активира неколку суперсонични падобрани пред да бидат покренати моторите на малата ракета, која нежно ќе го спушти роверот на површината на планетата.

Ова лансирање е последно во низата мисии на Марс. Обединетите Арапски Емирати и Кина исто така испратија свое вселенско летало на Марс.

Првиот ровер на НАСА на Марс Соџурнер слета на површината на црвената планета во 1997 година, а потоа вселенската агенција испрати уште два, Спирит и Опортјунити, кои ја истражуваа геологијата на висорамнината на Марс и открија знаци на поранешни водени форми. НАСА успешно испрати и три лендери - Патфајндер, Феникс и Инсајт.

Персевиренс ќе спроведе експеримент на претворување на елементите од атмосферата на Марс богата со јаглерод диоксид во гориво, за идните полетувања од површината на Марс или за производство на кислород за астронаутите.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе