Се пријавиле 12.000 луѓе

НАСА бара нови астронаути, планира ново слетување на Месечината

Над 12 илјади луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција.

Ова е вториот најголем број пријави до сега за мисијата чија цел е повторно слетување на американските астронаути на Месечината до 2024 година, со идеја астронаути еден ден да се испратат на Марс.

Претставникот на НАСА Џим Бриндестин кажа дека програмата Артемис отвора „ново и одважно“ поглавје во вселенските истражување и дека е восхитен од големиот број пријави.

НАСА во февруари објави дека бара нови астронаути.

Идните астронаути мора да бидат американски државјани со диплома од некоја научна област, како и да имаат две години професионално искуство и најмалку илјада часа летачко искуство.

Избраните ќе минат две години во обука за роботика, прошети по вселената и навигација. Потоа ќе спроведуваат експерименти додека живеат на Меѓународната вселенска станица.

НАСА во моментов на располагање има 48 астронаути.

Новите кандидати за астронаути ќе бидат објавени на лето следната година.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе