Направена непроценлива снимка на планета одалечена од Земјата 63 светлосни години (ФОТО)

Група истражувачи од Институтот за астрономија Макс Планк успеала да ја направи првата оптичка фотографија на егзопланета одалечена 63 светлосни години од Земјата.

EPA-EFE

Снимката на планетата сместена надвор од Сончевиот систем е направена со помош на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимањето е извршено со методата на радијална брзина.

Егзопланетата наречена Бета Пикторис ц е втората планета откриена во тој систем.

„Ова е првата директна потврда на планета откриена со методата на радијална брзина“, кажа Силвестре Лакур, шефот на програмата за набљудување Егзогравити.

Водечкиот научник на прокетот на Институтот Макс Планк, Френк Ајзенхауер кажа дека допрва почнуваат да ги истражуваат вџашувачките нови светови, од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија до планетите надвор од Сончевиот систем.

Бета Пикторис системот се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат во младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година е наречена Бета Пикторис б. Втората, Бета Пикторис ц, е откриена во втората половина на 2019 година, а сега е направена нејзината единствена снимка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе