Б-2 „спирит“

Најскапиот и најмоќен авион на сите времиња: лета со денови, никогаш не бил урнат (ВИДЕО)

Настанат во ерата на Студената војна, бомбардерот Б-2 „спирит“ е осмислен пред сѐ, со можноста да носи и конвенционално и нуклеарно оружје, да ја пробие советската воздушна одбрана. Сепак, набрзо по пробниот лет во 1989 година, се случи падот на Берлинскиот ѕид, а потоа и крајот на Студената војна па Б-2 никогаш не доби прилика да се обиде да навлезе во Русија.

Првото летало беше испорачано во 1993 година во воената база Вајтмен во Мисури, каде и денес е во употреба, додека бомбардерот првпат беше употребен за време на војната на Косово, во 1999 година.

Како еден од најсофистицираните авиони, Б-2 може да стигне до секоја мета, да дополни гориво во воздух и потоа да се врати во базата. Покрај тоа, ниеден Б-2 никогаш не бил изгубен во борба со некое непријателско летало.

„Навистина е единствен, никогаш ниеден авион пред него не бил вака револуционерно дизајниран“, вели Ребека Грант, експертка за воздухопловство за Си-ен-ен.

Првиот дизајн

Меѓутоа, концептуалното решение на авион без класичен труп, крила или какви било други исфрлени делови, одамна е познато во светот на авијацијата и досега во времето пред Првата светска војна.

Пионерските проекти од овој тип на американско тло се поврзани со воздухопловниот дизајнер и индустријалец Џек Нортроп чии летала, претходниците на „летечкото крило“, со пропелерски мотори, за првпат полетале во 1940-тите години.

Работата на Нортроп кулминира со изработката на моделит ИБ-49 во текот на 1947 година, првото летало на млазен погон кое го следи дизајнот на „летечко крило“. Иако бил далеку пред своето време, проектот поради технички тешкотии набрзо бил напуштен. Сепак, неколку децении подоцна, проектот ИБ-49 послужил како почетна основа на Нортроп за почнување нов проект кој ќе доведе до создавањето на авионот Б-2. Меѓу сличностите на овие две летала од различните ери на авијацијата, особено се истакнуваат начинот на кој го извршуваат нападот и идентичните димензии на распонот на крилата.

Технологијата на „невидливост“

Моделот Б-2 е еден од трите стратегиски бомбардери кои се во употреба во американското воено воздухопловство, со моделот роквел Б-1 „лансер“, како и славното летало од педесеттите години на минатиот век, боинг Б-52 „стратофортрес“, кој од тогаш редовоно се осовременува.

И додека Б-52 е заснован врз идејата на бомбардер кој лета толку високо што е надвор од дострелот на противвоздушните проектили, моделот Б-1 се обиде да примени целосно спротивна тактика на низок и брз лет со што би ја отежнал можноста за радарско лоцирање. Од една страна, ниедна од овие стратегии не ги дала саканите резултати, а од друга страна растот на тензиите на Студената војна создал потреба за сигурно средство за нуклеарно одвраќање, па била дефинирана целта за создавање бомбардер способен да носи атомско оружје и истовремено да биде невидлив за непријателската противвоздушна одбрана.

Она што изгледало како сон, стана реалност во текот на 70-тите години на минатиот век, со откривањето на стелт-технологијата, која леталото го прави незабележливо за непријателските радари.

„Мисијата на Б-2, во времето кога настана, беше пред сѐ да ѝ избега на руската воздушна одбрана, како на проектилите земја-воздух, така и на нивните најдобри борбени авиони, а тоа е неговата мисија и денес: да може да ѝ побегне на најдобрата противвоздушна одбрана каде и да е тоа потребно“, вели Грант.

За да се постигне тој ефект, изработката на овој авион вклучила различни технолошки трикови со помош на кои леталото може да се скрие во просторот.

„За почеток, тука е неговиот облик, со кој се избегнува детекција од радари“, продолжува Грант.

Радар не може да го улови

Радарот, изум од Втората светска војна, функционира на принципот на испраќање енергетски импулс во воздухот и чекање истиот да се одбие од објект како авион, а потоа да се врати таму од каде што е испратен. Интензитетот и аголот под кој се враќа бранот, ги открива локацијата и димензиите на метата. За разлика од другите летала, дизајнот на Б-2 е таков што не вклучува поголеми вертикални облици како авионска опашка, која радарските бранови би можеле да ја уловат. Всушност, неговата мазна надворешност е конструирана за целосно да може да ги расфрли овие бранови, за ниеден да не се врати во радарскиот систем, правејќи го авионот подеднакво зебележлив како и некоја птица. Иронично, овие принципи за првпат се изнесени во книгата на рускиот физичар Пјотр Уфимцев од 1962 година, која советските власти ја сметале за неважна за националната безбедност.

„Ова летало е изработено од материјали и обвивки кои се способни да ги апсорбираат радарските зраци, а не е можно да се забележи ни неговиот мотор, кој конструкторите го сместија во задниот дел на бомбардерот за да не емитува поголемо количество топлона која претставува сигнал за радарот. Покрај тоа, леталото е толку тиво што го слушате дури откако го прелетало просторот над вас“, додава Грант.

Овие додатоци, попознати како „стелт-технологија“, не се цело време во функција, туку се активираат во моменти кога авионот треба да стане „невидлив“. За да се активира оваа опција, пилотот треба да го стисне копчето со ознака ПЕН (penetrate enemy defences) зад кое се крие командата за минување низ непријателската воздушна одбрана.

Два дена во воздух

Мисиите на Б-2 траеле најдолго 44 непрекинати часа – како онаа кога авионот во 2001 летал од Мисури во Авганистан за време на операцијата „Трајна слобода“ – поради што зад кокпитот има простор каде еден од двата пилоти може да одмори, со простори за чување и греење храна, а има и тоалет.

Иако во борба не е изгубен ниеден Б-2, тој не ни има оружје за одбрана. Еден авион беше уништен во несреќа во 2008, кога се урна многу брзо по полетувањето од воздухопловната база Андерсен на Гуам, со тоа што пилотот се катапултираше на време и немаше човечки жртви. Втор Б-2 беше делумно оштетен по пожар во 2010 година и мина големи поправки пред да биде вратен во употреба.

Секој Б-2 авион е наречен по некоја американска држава, како „Духот на Мисури“, и спаѓаат во авионите кои се најскапи за одржување, а потребни се десетици часови сервисирање за секој час лет. Деликатната површина на авионот, која пружа дополнителна невидливост, мора да е чува на ниска температура, што бара климатизирани хангари и дополнително ги зголемува оперативните трошоци.

На 21 примерок Б-2 авиони, колку што до сега се направени, треба да се распоредат сите трошоци на програмата за истражување и развој, кои би биле многу помали ако има повеќе авиони.

„Вала нивната цена надминува 2 милијарди долари по примерок, што би било многу помалку ако биле направени планираните 132 авиони“, вели Грант.

Следната генерација

Поради малата флота и строго доверливата технологија, Б-2 е авион во кој сите сакаат да летаат, но само неколку стотици пилоти ја имале таа прилика.

„Имаат многу строга постапка на избор, а најмногу им придаваат важност на карактеристиките на пилотот и компатибилноста. Мора да бидете личност која ќе може да лета во мисија која трае 40 часа и има два члена на екипажот“, објаснува Грант.

Како што наведува таа, авионот има единствени карактеристики. Кога летате, се наоѓате на предниот раб, па перспективата во однос на другите авиони е поинаква и навистина се потребни врвни вештини за точење гориво во лет и слетување.

Во текот на годините на авионот му се надградувани системите за летање, комуникација и оружје. Овој авион сѐ уште е дел од американскиот троен систем за нуклеарно одвраќање, со интерконтиненталните проектили и нуклеарните подморници.

Сепак, деновите на Б-2 можеби му се одброени, бидејќи доаѓа наследникот. Наречен Б-21 „рејдер“ се држи во целосна тајност, а неговото претсавување се очекува по 2025 година. новиот авион ќе ја преземе улогата на својот претходник, но ќе биде дизајниран за целосно да се имплементира технолошкиот напредок кој се случи откако Б-2 беше замислен, пред повеќе од 40 години.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе