Најновиот руски ловец Су-57 успешно ги минал тестирањата во Сирија (ВИДЕО)

Руските ловци од петтата генерација сухој Су-57 успешно ја завршиле втората фаза од тестирањето во Сирија, изјави началникот на генералштабот на оружените сили на Русија Валериј Герасимов.

„Продолжуваат тестовите на авионите од петтата генерација Су-57. Спроведена е нивна повторна проба во Сирија, за време на која успешно се завршени сите планирани задачи“, изјави генералот Герасимов пред воените аташеа на странските држави.

Во февруари 2018 година министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу кажа дека два ловци Су-57 биле два дена тестирани во Сирија. Во летото истата година членот на стручниот совет за воздухопловната индустрија на Думата Владимир Гутенев соопшти дека во Сирија биле тестирани четири авиони Су-57. Кон крајот на 2018 година руското министерство за одбрана за првпат објави снимка од лет на Су-57 во воздушниот простор на блискоисточната земја.

Авионот сухој Су-57 е руски ловец од петтата генерација. Првиот лет на овој авион беше извршен во 2010 година. Министерството за одбрана на Русија досега има нарачано 76 вакви ловци.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе