Од НАСА и ЕСА

Најновиот екипаж од 4 астронаути пречекан на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од Европската вселенска агенција, утрово пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ИСС) и ја прикачија својата капсула Спејсекс, само два дена откако последниот екипаж што ја напушти орбиталната станица се врати на Земјата.

Фото: НАСА

Спојувањето на капсулата Кру драгон со станицата помалку од 16 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида, одбележа еден од најбрзите летови на Спејсекс на Илон Маск до ИСС од полетување до приклучување, велат коментаторите на вебкастот на НАСА.

Целосно автоматизираното приклучување се случи ноќва околу 1:37 часот, додека капсулата на Кру драгон, наречена Фридом, и вселенската станица летаа на околу 420 км над центарот на Тихи Океан, според НАСА.

Екипажот на Фридом се состои од тројца американски астронаути на НАСА - командантот на летот Кјел Линдгрен, 49, пилотот на мисијата Боб Хајнс, 47, и специјалистката за мисии Џесика Воткинс, 33, - како и италијанската астронаутка Саманта Кристофорети, 45, од Европската вселенска агенција (ЕСА).

Откако пред предвиденото време се приклучија кон модулот Хармони на станицата, членовите на екипажот поминаа два часа спроведувајќи ги стандардните проверки и регулирајќи го притисокот во комората помеѓу капсулата и ИСС пред да ги отворат влезните отвори.

На видеото на НАСА во живо се гледаа насмеаните лица на новопристигнатите како со главите напред долебдуваат еден по еден во станицата.

Тие беа пречекани со прегратки и ракувања од четиричлениот тим што ќе го заменат - тројца Американци и еден германски колега од екипажот на ЕСА треба да ја завршат својата мисија следната недела.

Тројцата руски космонаути што моментално се на станицата, но се подготвуваат за вселенска прошетка в четврток, не беа присутни на пречекот.

Четворицата најнови астронаути, означени како Екипаж 4, се четвртиот комплетен екипаж на ИСС што НАСА го лансираше со летало на Спејсекс откако ракетната компанија со седиште во Калифорнија во 2020 година почна да ги превезува астронаутите на американската вселенска агенција.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе